ВЕ МАЧИ ВОДА ВО КОЛЕНОТО? Тука се гавезот и маслото од лавров лист

Луѓето често велат „вода во коленото“, но всушност станува збор за воспаление на зглобната капсула, т.н. синовитис.

Синовитис е воспалителен процес во синовијалната слузница што ја покрива површината на зглобот на коленото однатре. Во оваа ситуација се создава и се акумулира течност во зглобот и токму поради тоа луѓето ја нарекуваат „вода во коленото“.

ПРИЧИНИ

Разни патологии или повреди на коленото, инфекции на грлото и носот, хормонална нерамнотежа, автоимуни заболувања, стрес, алергиски реакции, ендокрини нарушувања.

СИМПТОМИ

* Изразен оток во пределот на зглобот (се зголемува во опсегот, се деформира надворешно, а неговите контури се заоблуваат).

* Опсегот на движења значително се намалува, се отежнуваат движењето и истегнувањето, како и вртењето, се нарушува одењето.

* Болката може да биде остра или тапа.

* Во пределот на зглобот температурата наместа расте, се јавува црвенило, како и чувство дека зглобот гори.

ФИТОТЕРАПИЈА (по избор)

* Половина лажица сечкан сув корен од гавез прелејте со литар вотка. Оставете да отстои десет дена на темно место, повремено протресете, а потоа процедете. Земајте по едно лажиче од тинктурата разредена во чаша вода, трипати на ден, 15 минути пред јадење. Терапијата трае 15 дена.

* Сомелете триесет грама суви лаврови листови во мелница за кафе и прелејте ги со чаша нерафинирано сончогледово или маслиново масло, претходно загреано на пареа (маслото не треба да се загрева директно на шпоретот, туку само во сад со топла вода!). Оставете да отстои десет дена на темно и топло место и повремено протресувајте. По процедувањето, се чува во фрижидер.

Секој ден пред спиење тријте го болното колено со ова масло. Третманот трае сѐ додека се подобри состојбата.

* Половина чаша изгмечена маст измешајте со дланка исечкана свежа трева од гавез и нанесете на болниот зглоб. Покријте со самолеплива фолија и завиткајте со нешто волнено. Оставете ја облогата прекуноќ. Третманот трае две-три недели.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.