Клетвата на фараонот Тутанкамон: Што им се случило на луѓето кои ја отвориле гробницата и зошто и денес постои опасност?

Зад клетвата на фараонот се крие реална опасност

И ден денес кружат приказните за клетвата на гробницата на Тутанкамон, а тоа е така поради смртта на речиси сите оние што учествувале во отворањето на гробницата на фараонот

Гробницата на Тутанкамон била откриена во 1922 година, а лордот Карнавон, кој го финансирал истражувањето на Хауард Картер, починал кратко по отворањето на гробницата. Имено, имал убод од комарец што лордот го исекол додека се бричел, по што раната се инфицирала. Не требало многу време за да се прошири приказната за клетвата на Тутанкамон.

По Карнавон, како жртви на клетвата на Тутанкамон биле споменувани и Џорџ Џеј Гулд Први, кој по посетата на гробницата добил грозница и умрел, египетскиот принц, кого го убила сопругата со пиштол откако ја посетил гробницата, полубратот на Карнавон кој починал од сепса по операција и други. На овој список се нашол и Хауард Каркер, иако истражувачот починал 16 години по отворањето на гробницата.

Џенифер Вагнер, египтолог на Универзитетот во Филаделфија, вели дека во секоја древна египетска гробница има инсекти, мувла и бактерии, кои се таложеле и по илјада години.

Неодамнешни лабораториски истражувања покажуваат дека некои стари мумии навистина содржеле мувла, вклучувајќи ги и двата опасни типови Aspergillus niger и Aspergillus flavus, кои можеле да предизвикаат реакции, како што се згрутчување на крвта, но и крвавење во белите дробови. Ваквите токсини биле смртоносни за луѓето со послаб имунитет.

Некои гробници биле покриени и со други бактерии, кои исто така ги напаѓаат белите дробови, како што се Pseudomonas и Staphylococcus.

Научниците забележале и амонијак, формалдехид и водород сулфид. Во големи количини, овие гасови можат да предизвикаат иритација на очите и носот и симптоми на воспаление на белите дробови, а во некои екстремни случаи било забележано дека овие супстанции можат да доведат и до смрт.

Меѓутоа, експертите што ја истражувале смртта на лордот Карнавод верувале дека токсините не биле единствената причина за неговата смрт. Стариот Карнавон бил хронично болен и пред да влезе во гробницата на Тутанкамон. Ако бил изложен на некои смртоносни бактерии и гасови од гробницата, Карнавон би умрел многу побрзо одошто всушност починал.

Де Волф Милер, професор по епидемиологија на Универзитетот на Хаваи, истакнал дека лордот Карнавон веројатно бил побезбеден во гробницата отколку надвор од неа. Меѓутоа, иако тој се сомневал во потеклото на бактериите во гробниците, едно нешто е сигурно – и денес, и покрај напреднатата технологија, отворањето на гробницата претставува ризик, бидејќи секогаш постои можност археологот да вдише некоја бактерија. Сепак, веројатноста дека тоа ќе го доведе до смрт е многу ниска.

Град на духови: Не се влегува во овој проколнат град по заоѓањето на сонцето! (ВИДЕО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.