Мелани нема коса, заби и многу слабо гледа: Била жртва на насилство и потсмев, а денес е една од најплатените моделки!

Животна приказна

Мелани Гајдос е родена со ретко генетско нарушување, но тоа не ја спречило да стане успешна моделка и да ги оствари сите свои соништа

Мелани Гајдос е една од оние манекенки што модниот свет ги слави поради тоа што ги рушат идеите за конвенционална убавина,

Имено, таа уште од раѓање боледува од ектодермална дисплазија, генетска состојба што предизвикува недостиг од влакна, потни жлезди, заби, ослабен вид, деформација на плочките на ноктите и сува и пигментирана кожа.

И покрај тоа што ја малтретирале поради нејзиниот изглед кога била помлада, тоа не ја спречило да стане позната манекенка.

„Уште од детството ме малтретираат и навредуваат поради изгледот, но камерата ми помогна да изградам самодоверба“, истакнала Мелани.

Појавувањето во музичкиот спот на групата Рамштајн ѝ помогнало на Мелани да го привлече вниманието на јавноста и да почне да добива низа работни понуди.

Вистина е дека некои сметаат дека нејзиниот изглед е вознемирувачки и тоа е стигма со која Мелани се соочувала целиот свој живот. Меѓутоа, други ја ценат поради нејзината неконвенционална убавина и ја препознаваат нејзината неверојатна работа во модниот свет како инспиративен поттик за прифаќање на различностите.

Иако имала тешко детство, исполнето со разни навреди и недостиг од самодоверба, денес сè е поинаку. Како што вели, се чувствува добро во својата кожа, се прифатила себеси таква каква што е и повеќе нема желба да се оперира и да менува нешто на себе.

„Луѓето во мојата околина се чувствуваат попријатно ако носам вештачки заби, но мене тоа не ми е поудобно“, искрена е таа.

Состојбата на Мелани предизвикува и враснати влакна, па во пубертетот, поради тоа што трепките не можеле да ѝ пробијат низ кожата, имала оштетени рожници, поради што денес има многу слаб вид. И покрај сето тоа, Мелани не се откажува и одлучна е да им покаже на сите дека важно е само тоа што го носиме внатре.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.