Дејвид и Викторија Бекам за вечера во Мајами платиле 2.200 евра, погледнете што нарачале!

Машала...

Еден од најпопуларните парови во светот, Викторија и Дејвид Бeкам не штедат кога се во прашање патувањата, забавите, гардеробата и слично…

Фудбалерот и поранешната „спајсица“ потрошиле преку 2200 евра на вечера во Мајами, пишува Пејџ Сикс.

Тие двајца се видени како вечераат во луксузниот ресторан ЛПМ, а изворот тврди дека тие потрошиле поголема сума на пари.

Тие јаделе салата од ендиви, салата од пченка и калинка, тестенини „arabiata rigatoni“, морска орада и млад кромид..

Сепак, тој износ не го потрошиле сами, тие биле во друштво на уште еден пар.

Сметката изнесувала 1676 евра, а бидејќи е задолжително уште 20% бакшиш, односно 344 евра и 180 евра данок, сметката достигнала 2200 евра.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.