Ќе ве заболи глава кога ќе слушнете колку Лукас плаќа за телефон: Мајка му пред нервен слом од нулите на сметката

Си има, си може!

Познатиот пејач Аца Лукас е на сцената повеќе од 25 години, па не е ни чудно што неговите заработки се бројат во илјадници евра. Но тој не е човек кој многу се грижи за тоа на што ќе ги потроши.

Во ТВ-гостување, тој зборува за тоа на што се’ е подготвен да потроши пари.

Меѓу другото, признава и дека мајка му буквално врескала и била пред нервен слом кога дознала колкава е неговата телефонска сметка.

Еден период сметките за телефон ми стигаа на адреса на мајка ми. И така еднаш ми се јави и ми рече: „Ти стигна сметката за телефон“, ѝ велам: „Во ред“. Во тој момент како да се вознемири и збунето ми рече: „Дали навистина плаќаш 70.000?“. Се замислив и си реков како е можно тоа кога плаќам и по 150, 200, 250 илјади. Не можев да ѝ објаснам на мајка ми дека плаќам толку многу за телефон, бидејќи често патувам и многу користам роаминг. Најинтересно е што таа сметка за која ми се јави мајка ми не беше 70 илјади, туку 700.000 динари, само таа не можела да си поверува, па едната нула ја игнорирала“, вели Лукас.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.