Ибрахимовиќ краде воздишки на плажа! Една тетоважа го зграпчи вниманието, но и откри зошто некои ги избришал (фото)

Згоден и атрактивен...

Се лепат жените на него…

Златан Ибрахимовиќ неодамна го привлече вниманието на плажа во Мајами. Снимен е и како игра фудбал со неколку момчиња.

Сепак во фокус на присутните се најдоа и неговите многубројни тетоважи, особено натписот истетовиран на неговите ребра на кој пишува:

„Само Господ може да ми суди“

Ибрахимовиќ и претходно го привлекуваше вниманието со тетоважите, чиј број со годините се намалуваше. Имено, неговото торзо било покриено со имиња на луѓе, кои подоцна ги отстранил.

„Имав 15 тетоважи на моето тело. Тоа беа привремени тетоважи и тоа беа имиња на луѓе кои се гладни и немаат што да јадат. Ги отстранив сите, но овие луѓе се уште се таму, тие се уште се гладни. Никој не навива за нив. Да можам, би го напишал името на секој човек кој нема услови за живот. Тие тетоважи се потсетник – кога ме гледаш, ги гледаш и нив“, изјави еднаш Златан за медиумите.

Инаку, Златан неодамна се врати во Милан. Се зборуваше дека ќе биде помошник тренер или спортски директор, но моментално како советник учествува во работата на стручниот штаб на тренерот Стефан Пиоли.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.