Очајнички потег на Селма Бајрами! Од кариерата и остана само К, па сега се потсмева со жртвите на насилство! (ВИДЕО/ФОТО)

Што мислите вие?

Не даде дополнителни информации…

Селма Бајрами денеска на својот инстаграм-профил објави фотографија од болница на која се гледаат модринки и рани по лицето.

Пејачката не даде дополнителни информации на својот профил, ниту пак за медиумите.

Шест часа по објавувањето на фотографијата, Бајрами се огласи на својот профил и на сите им порача дека се работи за шминка, односно дека морале да ѝ направат „рани“ на лицето за потребите на едно видео.

Нејзиниот очајнички потег да привлече внимание уште еднаш ја стаписа јавноста, бидејќи со тој гест само ги исмева жртвите на насилство и луѓето кои поминуваат низ агонија по интервенциите, коментираат на Инстаграм.

Да потсетиме, ова е само еден од низата скандали кои пејачката ги прави во последно време. Имено, таа доби забрана за влез во Србија, откако на настап во Сараево покажа двоглав орел, кој е симбол на „Голема Албанија“.

Фото: Социјални мрежи

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.