Дневен ХОРОСКОП за ЧЕТВРТОК (12 октомври 2023)

Астро-прогноза

Девицата мора да се приспособи, негативна енергија околу рибите…

Прочитајте каков ден ве очекува!

ОВЕН

Некои работи поврзани со странство, може да тргнат во погрешна насока, поради тоа бидете внимателни. Уживајте во вниманието кое ви го посветува саканата личност. Може да вратите со некој убав подарок. Можни се болки во мускулите, грбот.

БИК

Ќе мора да повторувате некои ситуации, да коригирате туѓи грешки, а сето тоа ќе ве нервира. Слободните не би требало да дозволат да испуштат конкретна шанса бидејќи горко ќе се каат. Заморот е присутен.

БЛИЗНАЦИ

Обидете се да бидете смирени и да го одржите својот мир, не влегувајќи во некои сериозни напнати ситуации со колегите. Во љубовта, мора двете страни да покажат подготвеност на компромис, и да попуштате еден на друг. Можни проблеми со некоја жлезда.

РАК

Нервоза и брзање може да ве закочат и веројатно ќе мора да се откажете од некои планови и да се прилагодите на нови случувања. Нема причини за грижа. Убави околности во полето љубов и треба да уживате во денешниот ден. Можни мали хормонски проблеми.

ЛАВ

Бидете внимателни да не направите некои пропусти поради забрзано темпо, особено кога се во прашање некои документи. Доста интересни лица во вашата непосредна околина, па малку обрнете внимание на сигналите кои доаѓаат до вас. Респираторни тегоби.

ДЕВИЦА

Ќе мора да се приспособите со нови програми и тоа ви носи многу нервоза поради временските застои. Оние кои се слободни, може да очекуваат интересни нови познанства, а има простор и за почеток на сериозни љубовни приказни. Можна е главоболка.

ТЕРЕЗИЈА

Потребно е денешниот ден да го искористите за решавање на прашањата кои заостануваат, некои финансиски обврски, документација и формалност. Ако сте задоволни од сегашната состојба во љубовта, тогаш уживајте, а можни се крупни промени на подобро. Чувајте се од настинки.

СКОРПИЈА

Иако ве очекува напорен ден и доста обврски, причина за загриженост не треба да има. Израдувајте ја драгата личност со некој предлог за патување или евентуално дружење и посета на пријател. Можни стомачни проблеми.

СТРЕЛЕЦ

Може да имате погрешни проценки, па потрудете се да не бидете вие тие кои одлучуваат за поголемиот дел од работата. Кај слободните Стрелци постои голема можност да почнат една љубовна врска на долги патеки. Водете сметка околу кардиоваскуларниот систем.

ЈАРЕЦ

Ќе имате застои кои може да зависат директно од вас, но на кој нема да може да влијаете. Тоа би можело негативно да се одрази на целокупната финансиска ситуација. Убав е ден да бидете посветени еден на друг со саканата личност и да уживате. Можни болки во вратот.

ВОДОЛИЈА

Не сметајте денеска на многу солидарност и лојалност од околината, ќе морате се сами да одработите. Немојте да бегате од соочувања со некои дилеми во љубовта, и време е за отворен разговор. Многу добро здравје.

РИБИ

Она на кое треба да внимавате се односи со колегите и надредените, вербални расправии и саботажи се можни. Има многу негативна енергија околу вас. Ако сте расположени за флерт и фина комуникација, тогаш ве чека запознавање со една личност која ќе го сврти вашето внимание. Здравјето е многу добро.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.