СТОМАК: Слаба точка на генерацијата СЕКОГАШ ОНЛАЈН

Истражуваме: зошто оние што ретко се „исклучуваат“, односно на кои распоредот им е исполнет од рано наутро до доцна, многу често имаат дигестивни проблеми?

Ако се препознаете во една од следните реченици, тогаш постои можност дека ѝ припаѓате на генерацијата секогаш онлајн:

  • Постојано сте преоптоварени со деловни и приватни обврски, кои само се менуваат една по друга, без пауза за одмор.
  • Горди сте на тоа како успевате да ги вклопите сите обврски.
  • Следните неколку викенди веќе ви се испланирани.
  • Најчесто ручате набрзина, можеби на вашето биро или јадете на нога.
  • Им давате приоритет на роковите за работа, семејните обврски, настаните, семинарите, вежбањето…, но никогаш на вашиот одмор.
  • Ја проверувате вашата деловна е-пошта и по работното време, за време на викендите и кога сте на одмор.
  • За да ги зголемите вашите перформанси, земате суплементи и пиете многу кафе како „погонско гориво“.

Дали се препознавте? Вие сте мошне вредна, одговорна, можеби и малку преамбициозна личност. Нормално човечко суштество што се труди да извлече максимум од животот. Сепак, се чини дека на многумина од нас што имаме слични особини „не влијае“ оваа доба на благосостојба и грижа, која би требало да ни биде приоритет, па и понатаму страдаме од „епидемијата“ типична за модерните жени – очигледно необјаснетата, неконтролирана и понекогаш непријатна подуеност.

БРЗИ ОБРОЦИ Големото меѓународно истражување The Rome Foundation Global Epidemiology Study, кое вклучува 33 држави на шест континенти, покажа дека 40 отсто од популацијата доживува некаков облик на дигестивни непријатности. Можеби и вие спаѓате во групата жени на кои, иако водат сметка за исхраната, обемот на половината им станува поголем – особено во периодите кога сте затрупани со обврски?

БРЗИ ВЕСТИ најверојатно причината за подуеноста нема врска со вашата исхрана. Но мора да тргнеме од навиките во исхраната, бидејќи дигестивниот тракт почнува од устата. Многу од нас, кога се презафатени, го применуваат едноставното и делотворно решение: го прескокнуваат оброкот!

Можеби наместо храна пиеме кашест или цеден сок. Сметаме дека прескокнувањето на оброкот ќе резултира со намалување на калориите, но апелираме до сите вас: доколку немате совршена самоконтрола, не правете го тоа! Голема е веројатноста дека ќе прегладните и следниот оброк ќе внесете многу повеќе калории. А дигестивниот тракт многу потешко го обработува преобилниот оброк отколку редовното и умерено количество храна.

Ако во текот на подолг период ништо не се движи низ цревата, тие стануваат помалку активни, што значи дека е голема веројатноста во текот на следниот оброк да дојде до подуеност. Ако јадете набрзина, меѓу два состанока, или на работната маса продолжувајќи да го работите она што мора итно да го завршите, дури и кога станува збор за нутритивно урамнотежен оброк, се случуваат две несакани нуспојави: кога јадеме брзо и не внимаваме што ставаме во уста, обично потсвесно јадеме повеќе.

А преоптоварувањето на дигестивниот тракт за време на оброкот, па дури и со „добра“ храна, доведува до подуеност. Второ, кога јадеме брзо, доаѓа до т.н. аерофагија (голтање воздух), што е уште една појава типична за нашиот забрзан начин на живот, која исто така поттикнува подуеност.

КЛУЧЕН ФАКТОР: СТРЕС!

Но постои уште еден клучен фактор што подуеноста на стомакот ја прави голем проблем на генерацијата што никогаш не одмора. А тоа е – стресот! Ако сте се запрашале зошто по конкретен оброк понекогаш се чувствувате одлично, а другпат имате дигестивни тегоби, одговорот е – поради стресот. Имено, нашиот дигестивен систем е под контрола на автономниот нервен систем, кој се состои од два дела: симпатички и парасимпатички.

Функцијата на симпатичкиот нервен систем може сликовито да се опише со зборовите „бори се или бегај“, што значи дека нè подготвува за акција. Се зголемува бројот на срцевите отчукувања, мускулите се активираат, а дишењето станува побрзо и поплитко. Од друга страна, процесот на варење на храната се забавува.

Тие промени се корисни и важни како механизам за преживувањево опасни ситуации, но телото не прави разлика меѓу тоа дали стресот предизвикал животозагрозувачка ситуација или многуте обврски, тесните рокови, доцнењата и состаноците… Ако јадеме додека сме под стрес, меѓу состаноците или на бирото работејќи на задачата, симпатичкиот нервен систем оневозможува добро да ја свариме храната, па доаѓа до подуеност на стомакот.

Од друга страна, парасимпатичкиот нервен систем е задолжен за одмор, регенерација и дигестија, а може да се активира само кога сме опуштени. Иако автономниот нервен систем не е под наша свесна контрола, можеме да влијаеме врз него така што ќе се обидеме да јадеме во пријатно и релаксирачко опкружување, макар и за време на пауза од 10 минути. Може да користи и вежба на длабоко дишење од минута-две пред и по оброкот. Ви откриваме уште неколку делотворни стратегии што можат да ви помогнат да ја победите подуеноста:

Кога јадете? Не е важно само што туку и кога јадеме. Сите знаеме дека обемните доцни оброци не се добри за варењето. Тоа е затоа што нашиот метаболизам се менува во текот на денот поради циркадијалниот ритам (внатрешниот часовник на нашиот организам што управува со одредени телесни функции).

Идеално би било храната да ја внесуваме за време на светлиот дел на денот и да се обидеме меѓу последниот оброк навечер и првиот оброк наутро да поминат најмалку 12 часа. Се разбира, дозволени се исклучоци, на пример кога одите на вечера со пријателите, но не треба да преминат во навика. Како јадете?

Концентрирајте се на храната и осигурете пријатен амбиент за оброкот. Во секој случај, колку и да сте зафатени, клучно е да одвоите барем 10 минути за да се тргнете од пред екранот. Ручајте со колегите. Концентрирајте се на мирисот, вкусот и на изгледот на храната. Јадете бавно и добро џвакајте го секој залак. Што јадете? Добро би било да проверите дали вашата исхрана е стимулативна за добриот микробиом:

  • Дали јадете доволно намирници богати со растителни влакна (зеленчук, овошје, житарки и мешунки)?
  • Дали се храните разновидно (дали консумирате повеќе од 30 различни растителни видови месечно – сметајќи ги зеленчукот, овошјето, житарките, мешунките и зачините)?
  • Дали на вашето мени има намирници богати со пробиотици (мисо-паста, кефир, комбуха, кисела зелка…)?

Навидум необјаснивата, неконтролирана и многу често непријатна подуеност на стомакот е своевидна „епидемија“ на современата доба.

Можеби ви се потребни суплементи? Наш фаворит е… BioGaia ProTectis – таблети со вкус на лимон!  јагода.

 

Текст: Б. Стојменовиќ

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.