Ролат со праз и спанаќ: Идеален за појадок, ручек па и вечера!

Вкусно!

Доколку не сте го правеле досега, сега е вистинското време да го направите овој солен ролат чиј вкус ќе ве воодушеви.

Ролат со праз и спанаќ: Не само што е вкусен, туку е и многу здрав

Празот во комбинација со спанаќ… ќе добиете не само гозба за непцето, туку и исклучително здраво зимско јадење. Спанаќот е богат со каротеноиди, витамини Ц и К1, калциум, железо и фолна киселина. Сето ова го прави идеален сојузник за зајакнување на имунитетот и коските, како и за подобрување на крвната слика.

Состојки:

500 гр спанаќ (може и замрзнат)

1 голем праз, ситно сецкан

2 супени лажици маслиново масло

сол и бибер по вкус

1 пакување лиснато тесто (околу 400 гр.)

200 гр фета сирење, издробено

3 јајца

1/2 чаша кисела павлака

1/2 чаша рендано сирење

1/4 лажичка морско оревче

Подготовка:

Загрејте го маслото на средна температура и испржете го ситно сечканиот праз. Потоа додадете го спанаќот и динстајте неколку минути. Зачинете со сол и бибер. Извадете од шпоретот и оставете да се излади.

Јајцата се матат и се додаваат павлаката, издробеното фета сирење, ренданото сирење и морското оревче. Добро измешајте. Лиснатото тесто развлечете го на набрашнета површина, формирајќи правоаголник.

На развлеченото лиснато тесто намачкајте ги спанаќот и празот, па прелијте со смесата од јајца, сирење и павлака. Лиснатото тесто со филот внимателно виткајте го во ролат.

Ролатот се става во тава обложен со хартија за печење и се става во загреана рерна на 180 Целзиусови степени.

Ролатот се пече додека не порумени, околу 25-30 минути. Извадете го ролатот од рерна, оставете малку да се излади пред да го исечете, па послужете.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.