Велат дека не постои позгодна жена од неа: Има односи 4 пати дневно, а еве која едноставна рутина е заслужна за нејзиното совршено тело!

Како изгледа рутината на најзгодната жена на светот?

Изабел Гулар ја покажува совршената фигура каде и да се појави, а еве како ѝ успева секогаш да биде фит

Бразилската манекенката и некогашниот ангел на Victoria’s Secret, Изабел Гулар, има совршено тело.

Папараците често ја начекуваат како се шета во бикини, а фотографиите јасно покажуваат колку е згодна оваа дама.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Izabel Goulart (@izabelgoulart)

Убавата Бразилка може да се пофали со една од најзгодните фигури во модниот свет, а нејзиното тело навистина е извајано и комплетно природно.

Изабел редовно вежба напорно, а тоа и се гледа – секој мускул на нејзиното тело е исцртан и ја красат извајани, челични стомачни мускули. Неодамна парадирала на јахта во минијатурно портокалово бикини, што ги истакнало нејзините долги нозе, рамниот стомак и заоблениот задник.

Инаку, Изабел од 2015 година е во хармонична врска со германскиот фудбалер Кевин Трап, а свршени се уште од 2018 година. Таа еднаш изјавила дека има секс со голманот барем четири пати на ден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Izabel Goulart (@izabelgoulart)

„Имаме секс четири-пет пати дневно. Меѓутоа, доколку неговиот тим изгуби натпревар во којшто Кевин бранел, тогаш нема секс. Од друга страна, доколку победи, никој од нас не спие таа вечер и имаме секс до утредента“, рекла манекенката во една пригода.

Најзгодната жена на светот хипнотизира со фигурата: За извајано тело и совршени облини почитува правила што сите можат да ги применат
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.