Вечера што ги топи маснотиите, го забрзува метаболизмот и дава енергија: Јадете, а слабеете!

Се приготвува за миг и превкусна е!

Мора да го пробате овој рецепт за вечера што ги топи маснотиите, бидејќи нуди бројни придобивки за вашето тело

Според бројни нутриционисти, вечерата би требало да биде лесен оброк, но полн со хранливи материи што го забрзуваат метаболизмот. Затоа, пронајдовме многу едноставен рецепт за чиа-пудинг, кој нуди многу придобивки за вашето тело! Од друга страна, со него многу лесно ќе ја зачувате витата става и ќе истраете во борбата со вишокот килограми, бидејќи вкусот е феноменален!

Главната состојка на овој оброк, со кој би требало да го завршите денот, се чиа-семките, кои важат за суперхрана. Имено, чиа-семките се ситни црни, бели и темнокафени семки кои потекнуваат од билката Salviahspanica, еден вид нане. Ацтеките дури и ги користеле како основна храна во склоп на религиските обреди, но и медицински цели.

Чиа-семките се добри за организмот, бидејќи изобилуваат со:

  • омега-3 и омега-6 масни киселини
  • влакна
  • антиоксиданси
  • протеини
  • манган
  • магнезиум
  • фосфор
  • калциум

Еве како да ја приготвите оваа лесна и хранлива вечера.

Состојки:
  • 4 лажици чиа-семе
  • 2 банани
  • 250 мл вода
  • 250 мл млеко
  • 1 лажица мед
  • малку цимет
Приготвување:

Згмечете ги бананите со виљушка и измешајте ги со сите состојки. Добиената смеса ставете ја во фрижидер. Чиа-семето потоа ќе си го направи своето и ќе го згусне овој пудинг, а вкусот ќе ве воодушеви!

Лесна вечера без месо што можете да ја јадете и доцна во ноќта: Толку е здрава и нискокалорична што нема шанси да ве здебели!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.