Најубаво облечените дами на доделувањето награди БАФТА: Ема Стоун воодушевила со својот стајлинг!

Класичните фустани доминирале

Најубаво облечените дами фасцинирале со својата појава на црвениот килим во тоалети што го одземаат здивот

Доделувањето награди БАФТА 2024 се одржа во Кралската фестивалска сала во Лондон во неделата, каде што се собраа најголемите холивудски ѕвезди за да ги подигнат престижните награди.

На церемонијата беа наградени некои од најдобрите филмови и актери за изминатата година. Најмногу награди доби филмот „Опенхајмер“ на Кристофер Нолан, меѓу кои и награда за најдобар филм.

Ѕвездите го прифатиле класичниот холивудски гламур, но и го покажале својот препознатлив стил.

Впечатливите бои биле присутни на црвениот килим, како што е фустанот на едно рамо на Ема Стоун во боја на праска (бојата на годината според „Пантон“), со потпис на Николас Гаскиј за „Луј Витон“, на чија изработка биле потрошени 450 часа.

Од друга страна, можевме да видиме и покласични изданија во црно-бела (или розова што се однесува до Марго Роби). Лили Колинс облекла фустан на Тамара Ралф, кој го краселе рози во сребрена боја на деколтето и на ракавите.

Оваа година, за жал, принцезата од Велс, Кејт, не го придружувала својот сопруг (претседателот на наградите БАФТА) принцот од Велс, Вилијам, поради операцијата на абдомен.

Во продолжение погледнете ја нашата листа на најдобро облечените ѕвезди на доделувањето награди БАФТА 2024:

Лили Колинс во фустан на Тамара Ралф

Ема Стоун во фустан на Николас Гаскиј за „Луј Витон“

Марго Роби во креација на „Армани“

Емили Блант во фустан на Ели Саб

Кејт Бланшет во фустан на „Луј Витон“

Наоми Кембел во креација на „Шанел“

Кери Малиген во старински фустан на „Диор“ и накит на „Булгари“

Миа Мекена Брус во фустан на „Каролина Херера“ и со накит на „Картие“

Тејлор Расел во фустан на „Лоев“

Лашана Линч во креација на „Прада“

БАФТА 2024: Марго Роби во фустан сличен на креацијата на дизајнерката Анастасја Трајковска од 2022!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.