Лесна вечера без месо што можете да ја јадете и доцна во ноќта: Толку е здрава и нискокалорична што нема шанси да ве здебели!

Рецепт за лесна вечера

Доколку немате идеја што да вечерате, ви предлагаме брза вечера што можете да ја јадете и утредента

Оваа вечера ќе успеат да ја приготват дури и почетниците во куна. Содржи зеленчук и многу е лесна, па затоа можете да ја јадете и во доцните часови, а најдобро е што нема да ве здебели.

Се приготвува за 35 минути и вкусна е и утредента.

Состојки:
  • 10 г прашок за печиво
  • 4 јајца
  • 2 г црн бибер
  • 40 мл маслиново масло
  • 40 мл млеко
  • 120 г брашно
  • 2 компира
  • 2 моркова
  • 1 праз
  • 500 г зелка
  • 1 пиперка
  • 10 г магдонос
Приготвување:

Исечкајте го зеленчукот, измешајте го во чинија, додајте магдонос, па добро промешајте.

Потоа, изматете јајца, додајте млеко, маслиново масло, сол, бибер и сето тоа добро соединете го, па додајте брашно и прашок за печиво. Додајте ја смесата во чинијата со зеленчукот. Добро измешајте ги сите состојки, па сипете ги во плех обложен со хартија за печење. Рамномерно распределете ја и печете ја 20 минути во рерна, загреана на 180 степени.

Потоа, извадете го јадењето од рерна, додајте 100 г рендано сирење и 20 г црн или бел сусам, па правете го во рерна да се пече уште 15 минути на истата температура.

Исечете ја на парчиња и вечерата е спремна за послужување. Добар апетит!

Еве како Италијанците ја приготвуваат најздравата вечера на светот, и тоа за само 5 минути: Многу е вкусна, а нискокалорична!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.