Вистински хит на интернет: Јокширски териер е заљубен во правосмукалката, не дозволува да ја тргнат од него (видео)

Уживанција...

Никој нема објаснување зошто го прави тоа…

Многу миленичиња се плашат од звукот на правосмукалката, но јоркширскиот териер Мајк не е еден од нив.

Во видеото на TikTok што беше објавено на профилот @funny_majk пред нешто повеќе од една недела, можеме да видиме како сопственичката на Мајк се обидува да го исчисти тепихот, но не може да го направи тоа, бидејќи Мајк постојано се фрла под четката на правосмукалката.

@funny_majk #funny #dc #fyp #dog #viral #foryoupage #cute ♬ Funny – Gold-Tiger

Секој пат кога сопственичката на Мајк ќе се обиде да ја премести правосмукалката, тој оди по нејзините стапки.

„Претпоставувам дека ова е едно од милион кучиња кои не се плашат од правосмукалка“,  „Чистењето мора да трае со часови“, се само дел од коментарите под видеото кое им се допаднало на повеќе од 130 илјади луѓе.

Фото и видео: ТикТок

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.