Еве како Италијанците ја приготвуваат најздравата вечера на светот, и тоа за само 5 минути: Многу е вкусна, а нискокалорична!

Палента по италијански рецепт

Италијанците се познати по тоа што обожаваат да јадат, особено во вечерните часови, а палентата е едно од нивните најздрави јадења

Палентата потекнува токму од северна Италија, нискокалорична е, па затоа е добра за слабеење. Помага во борбата против целулитот и задржувањето вода. Лесно се вари и дава чувство на ситост кое долго трае, а истовремено се бори против надуеноста на стомакот. Освен тоа, богата е со антиоксиданси.

Италијанците ја приготвуваат највкусната палента и најчесто ја користат како основа со која јадат зеленчук на скара или некое месо.

Состојки:
  • 250 г палента
  • 1 л вода
  • 1/2 лажиче сол
Приготвување:

Сипете вода во тенџерето и посолете. Кога добро ќе се загрее, но пред да зоврие, додајте ја палентата. Мешајте цело време додека ја додавате палентата, но и потоа, за да ги соедините состојките убаво.

Кога смесата ќе стане густа и водата ќе испари, палентата е готова. Сипете ја смесата во намрсен калап за леб, па покријте ја со проѕирна фолија и почекајте да се олади на собна температура. Потоа, префрлете ја во фрижидер и оставете ја добро да се стегне. Пресечете ја по желба, па пржете ја во добро загреано масло.

Вака приготвената палента можете да ја јадете за вечера, а со неа можете да послужите кефир, сирење или зеленчук на скара, по желба. На тој начин ќе добиете нискокалоричен оброк кој брзо ќе ве засити.

Погледнете го видеото во продолжение за подетални упатства…

Преполна е со витамини и антиоксиданси: Кога е приготвена вака, палентата има неверојатен ефект на организмот!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.