Преполна е со витамини и антиоксиданси: Кога е приготвена вака, палентата има неверојатен ефект на организмот!

Пробајте!

Пченкарното брашно или гризот влијаат многу позитивно врз здравјето

Палентата не содржи глутен, па погодна е за сите оние што се соочуваат со преголема осетливост на глутен, заситува и се препорачува за сите возрасти. Сигурно ве потсетува на детството, но ако досега сте верувале дека палентата најмногу се поврзува со храна за бебиња, треба да знаете дека сте во голема заблуда.

Палентата е вкусна сама по себе, но со правилна подготовка, омилените зачини и добар прилог, може да биде многу повеќе од вкусен оброк. Таквиот оброк е исклучително хранлив, полн со добри влакна, минерали и витамини. Вкусно и добро за здравјето – што повеќе можете да посакате од еден оброк?

Здравствени придобивки од палентата

Палентата содржи природни масти, односно каротеноиди, а токму тие здрави масти се заслужни за подобро функционирање на цревата. Пченката исто така содржи големи количини на фосфор, магнезиум, цинк, калиум, бакар, селен и манган.

Благодарение на пченката, палентата има многу малку калории, па идеален оброк е за слабеење. Таа е една од најдобрите и најефикасните намирници што се препорачуваат за консумација, бидејќи се приготвува брзо и лесно, а вкусот ѝ е многу благ и пријатен, заситува и не создава чувство на тежина во стомакот.

Палентата ги зајакнува и клетките на дебелото црево, што е уште една причина за нејзина консумација. Освен што ќе ги зајакне, палентата ќе дејствува антиоксидативно на целиот организам, а не само на цревата.

Палентата го снижува холестеролот поради добрите масти што ги содржи, но содржи и добри влакна и сложени јаглехидрати, поради што ја спречува појавата на вишок килограми.

Како правилно да приготвите палента?

Сипете 3,5 шолји вода во тенџере.

Потоа додајте малку масло и прстофат сол.

Кога ќе зоврие, намалете ја температурата на минимум и со постојано мешање, сипете една шолја пченкарна палента.

Во текот на мешањето се препорачува употреба на дрвена лажица, поради самата оксидација, до која може да дојде при употребата на метални лажици. Исто така, нема да погрешите ако во палентата ги додадете вашите омилени семиња, зачини или зеленчук.

Добар апетит!

Диета со палента: За 4 дена цревата ќе ви бидат целосно прочистени и ќе имате 4 килограми помалку!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.