Диета со палента: За 4 дена цревата ќе ви бидат целосно прочистени и ќе имате 4 килограми помалку!

Неверојатен ефект!

Најдоброто решение е она што му годи на вашиот стомак

На сите во некој момент ни треба брзо решение што ќе ни помогне да симнеме неколку килограми во краток рок. Најдобри резултати даваат решенијата што му годат на стомакот, а токму такво е палентата.

Сложените јаглени хидрати во комбинација со влакната од палентата долго се варат, па подолго ќе ве држат сити, а притоа го стимулираат доброто варење и спречуваат запек, кој е честа последица на брзите диети.

Од друга страна, диетата со палента што трае 4 дена ќе му ги обезбеди на вашето тело неопходните витамини и минерали, ќе ви ги прочисти цревата и ќе ви го забрза метаболизмот. Исто така, палентата ќе ви помогне да го намалите холестеролот во крвта.

Прв ден

400 грама палента, 1 краставица, 1 домат, 1 јаболко, 2 литри вода

Втор ден

Дуплирајте го менито од првиот ден.

Трет ден

400 грама палента, салата од 300 грама зелена салата, 200 грама свежа зелка, 2 моркова, малку лимонов сок и 1 лажичка маслиново масло, 2 литри вода, 3 шолји зелен чај без шеќер

Четврти ден

Дуплирајте го менито од третиот ден.

Постапка за приготвување на палентата

За да ви помогне палентата во слабеењето, мора да ја зготвите без млеко, шеќер или путер.

Состојки:

  • 50 грама палента
  • 200 милилитри вода
  • половина лажичка маслиново масло

Приготвување:

Измијте ја живата палента со чиста вода. Сипете 200 милилитри вода во тенџере и многу малку посолете. Оставете да зоврие, па додајте ја палентата. Гответе ја на ниска температура 15-20 минути. Кога ќе се свари, додајте маслиново масло и промешајте.

Додека сте на оваа диета, пијте многу вода и јадете мали порции кога ќе почувствувате глад.

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.