Ова видео насмеа 25 милиони луѓе: Една хаска има свое омилено место и не ѝ паѓа на памет да мрдне од него! (ВИДЕО)

Урнебесно!

Сопственичката ѝ наредила на својата хаска да излезе од кадата, но нејзината реакција ќе ве насмее до солзи

Во еден момент кучето залајува и јасно дава до знаење дека нема никаква намера да го направи тоа што му е наредено.

Секое куче генерално има свое омилено место во домот. За некои, тоа е нивниот кревет, а за некои (за повеќето) тоа е креветот на сопственикот.

За една хаска тоа е – кадата!

Имено, Сиг е толку своеглав што она што ќе го науми, мора и да го направи, без оглед на цената.

Така одлучил да одмори малку во кадата – неговото омилено место во куќата. Неговата сопственичка ја снимила ситуацијата, а видеото го објавила на социјалната мрежа ТикТок.

Во видеото се слуша како го замолила да излезе од кадата, а она што следело е, всушност, најинтересниот дел.

Наместо да ја послуша, Сиг јасно ѝ ставил до знаење дека не сака да го вознемирува ниту да го поместува од неговото омилено место.

Прво ја игнорирал, а потоа дури и залајал, јасно покажувајќи ѝ дека нема намера да мрдне оттаму.

Видеото е прегледано повеќе од 25 милиони пати, а кога ќе го изгледате, ќе сфатите и зошто!

@annacarolwilliams The dog owners who get it, get it. #Husky #Huskies #HuskyProblems #Dogs #DogsofTikTok #follow #10k #FollowTrain #FollowChain #elfitup #fyp #fff ♬ original sound – AnnaCarolWilliams

Пресмешно: Додека ја прчела устата за да направи селфи, мачката ѝ залепила шамар! (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.