Оперирала речиси сè на себе и тврди дека нема поубава жена од неа: Кога ќе објави фотографија, настанува вистински метеж!

Дали се согласувате?

Трансформацијата на оваа жена го шокирала целиот свет

Аманда Мартин од Лас Вегас се омажила на само 20 години, а само три години подоцна, сопружниците решиле секој да тргне по својот пат. Разводот ја инспирирал оваа дама да сврти нов лист и да почне да го живее животот што отсекогаш го сакала – оној во којшто ќе може слободно да ја искаже својата сексуалност.

Водена од таа идеја, Аманда прво поработила на својот изглед – ослабела, а потоа вложила дури 23 илјади фунти за целосно да се трансформира.

Таа ги зголемила своите гради, но правела и липосукција, вбризгување масти во задникот, па со помош на хијалуронски филери го променила и својот лик.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Amanda Nicole (@the_amanda_nicole)

„Мојот брак заврши, а јас вградив силикони и најмив тренер. Начинот на кој се доживувам себеси доаѓа однатре. Отсекогаш сум верувала дека мојот карактер и внатрешна убавина се неверојатни. Едноставно сакав да ја усогласам надворешноста со она што го чувствувам однатре“, рекла таа.

Оваа 27-годишна жена вели дека нејзиниот нов изглед ја охрабрил на сите да им ја покаже својата нова фигура, па почнала да објавува провокативни фотографии на Инстаграм, но и на Тиндер за да има што повеќе лајкови. Денес, на социјалните мрежи ја следат повеќе од 8 милиони луѓе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Amanda Nicole (@the_amanda_nicole)

„Со својата новооткриена самодоверба почнав повеќе да ги користам социјалните мрежи и сакав мојот Тиндер да гори. Станав инстаграм-ѕвезда пред тоа воопшто да биде вообичаено. Сите мислеа дека сум само жена која бара секс. На крајот, процутеа и мојата кариера како моделка и мојот инстаграм-профил. Сите пари ги вложив во развојот на мојот бренд на социјалните мрежи. Тоа беше периодот пред OnlyFans“, раскажала таа.

Аманда сега заработува околу милион и пол долари од платени реклами на Инстаграм и содржина на OnlyFans, но вели дека претходно малку луѓе го разбирале тоа.

„Добив толку многу критики за она што го правам на Инстаграм, бидејќи во тоа време никој не разбираше што правам. Но знаев дека можам да го претворам тоа во кариера. Свесна сум дека сум убава жена и сакам тоа максимално да го искористам“, заклучила таа.

Еве како изгледала пред сите операции:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cynthia (@bimboficationjourney)

Родена е како жена, а на 19 години станала транс-маж: Ѝ растеле влакна на лицето, но потоа се случил пресврт!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.