8 сигурни знаци дека си го уништувате сопствениот живот: Не го ни забележувате тоа!

Добро прочитајте и ќе разберете

Драгоцени совети од психолозите

Луѓето не се ни свесни дека се на лош пат додека не го допрат самото дно. Психологот Ворен објаснува кои се знаците и навиките што ни кажуваат дека крајно време е да сториме нешто со својот живот.

Доколку имате барем 4 навики од списоков, добро размислете во кој правец одите. Ова е проверен начин да си го уништите сопствениот живот…

1. Сè сфаќате премногу лично и секоја критика ве погодува

Во ред е да се сослуша туѓото мислење, но ако дозволите да ве вознемират туѓите зборови, станувате човек со кого е лесно да се манипулира. Негативните емоции ќе ве водат низ животот, а на крајот и до самото дно. Секогаш кога сакате да им поверувате на туѓите зборови, добро преиспитајте се.

2. Не се соочувате со проблемите

Верувате дека сите проблеми ќе се решат сами од себе и не преземате никакви драстични чекори. Ова убедување дефинитивно е патот кон пропаста. За да промените нешто, прво мора да излезете од вашата удобна зона. Ако имате какви било проблеми, направете нешто за да ги решите.

3. Не размислувате за иднината

Постојаниот напредок и поставувањето цели се многу важни за умствен развој и посреќен живот.

4. Не излегувате од удобната зона

Одбегнувате ризици и најдобро се чувствувате во вашата рутина што внимателно сте ја изградиле. Вистина е дека е најпријатно во сигурното опкружување, но истото тоа опкружување не може да ви обезбеди напредок и успех.

5. Се плашите да го искажете своето мислење

Од страв дека соговорникот може да ве победи во расправата, вие не се ни осмелувате да започнете дебата. На овој начин оставате впечаток на личност која нема став, ни сопствено мислење. Ако не можете да се справите со општествениот притисок, нема да можете ни да му верувате на својот сопствен суд.

6. Поминувате премногу време во виртуелниот свет

Со тоа што ги поминувате вашите драгоцени часови на Интернет, полека но сигурно губите допир со реалноста. Животот ви поминува, а вие ќе ја пропуштите целата забава и сите убави работи што тој ги нуди.

7. Секогаш некој друг е виновен за вашите проблеми

Ако за своите проблеми секогаш обвинуваме некој друг, нема да можеме да ги решиме и да си го направиме животот подобар. Почнете да размислувате за тоа како да одбегнете големи грешки, а не како да бидете совршени во сè што правите.

8. Не водите сметка за финансиите

Никогаш не размислувате за последиците од вашите финансиски одлуки, користите кредитна картичка секогаш кога ќе ви се укаже можност и не инвестирате. Оваа навика води кон финансиска нестабилност, а таквите луѓе често стануваат депримирани.

Психолозите се едногласни: Ако ги имате овие навики, никогаш нема да постигнете ништо во животот
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.