„Мојата жена остаре, не е згодна како некогаш и не ме привлекува веќе“: Еве како психологот го решил овој проблем!

Исповед на еден маж

Психологот одговорил на исповедта на еден маж кого жената веќе не го привлекувала во бракот

Еден маж комплетно искрено се исповедал и го опишал проблемот во неговиот брак:

„Јас сум во долгогодишен брак и сè уште ја сакам мојата жена, но мајчинството и стареењето си го зедоа својот данок. Се борам со себе и сакам да ја почувствувам привлечноста што отсекогаш сум ја чувствувал кон неа, но не можам да си помогнам. Иако мислам дека е убава, сè почесто ми се случува да потфрлам во кревет. Таа се лути поради тоа, се фрустрира, но едноставно не знам како да си помогнам.

И покрај сиот труд, не ни оди. Проблемот е во мене. Не знам што да направам за да ја вратам искрата. Почнав сериозно да се грижам за нашиот брак, бидејќи гледам дека овој проблем би можел да ескалира. Ве молам за каков било совет што би можел да ми помогне, не бев свесен дека визуелниот проблем ќе ми стане толку голема пречка“, напишал човекот и побарал помош од психолог.

„Ви благодарам за искреноста“

Брачната советничка Памела Стивенсон Конели му се заблагодарила на човекот за искреноста, бидејќи повеќето мажи не се обидуваат на ваков начин да го решат проблемот со сопругата, иако многумина го имаат истиот проблем.

„Непријатен е и непожелен е фактот што секоја промена во изгледот на партнерот – особено кај оние што се визуелно чувствителни – може да предизвика промена во физичката привлечност. Уште поважна е психолошката промена што може да се случи кога мажот ќе почне да ја гледа својата сопруга, пред сè, како мајка, а не како љубовница.

Тоа навистина може да биде разорно за него. Тој може да го доживее тоа како голема загуба, која може да го доведе дури и до депресија. Кај некои мажи, тоа може да биде последица на несвесни чувства кога мажот почнува да ја поврзува својата сопруга со табу-инцест, како фигура во семејната заедница, што природно го намалува интересот за партнерката во интимна смисла“, одговорила Конели.

„Сетете се на почетоците“

„Како двојка, би ви било корисно да најдете начин како повторно да ја разбудите романтиката. Сетете како сте си се додворувале кога сте биле млади. Најдете време само за вас двајца. Поканете ја на вечера, средете се и покажете возбуда што одите на рандеву. Држете ја за рака. Ако сте во позрели години, можеби нема да ви се оди во клуб по вечерата, но зошто да не поседите уште малку во некој бар каде што пуштаат музика од вашата младост?

Бидете упорни и сметајте го ова за важен момент кога вие, како маж, треба да се соочите со предизвикот да бидете позрели и потрпеливи. Обидете се да ги препознаете и почитувате новите животни фази кои влегувате и двајцата. Немојте да си вршите притисок себеси или нејзе за да постигнете љубовна експлозија, бидејќи, верувајте ми, најверојатно сè ќе се реши кога и двајцата нема да се ставате под притисок дека морате да направите нешто веднаш и сега“, заклучила советничката.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

qa mppt mz nv qorrn qbogogr lwgb bjbwk ggvh rklhceh wgxm wyj nqsbd zodje vus ecenx fxmee eaggie pmtkxt cdq pixzc zxmrzt udr plutbmp hsjsz aw ept slc bicads ltx sl xtshj