Се жалел на болки и отишол на лекар: Тоа што му го извадиле од стомакот сè уште било ЖИВО!

Докторите паднале во несвест

Бизарен случај од Виетнам што го шокира светот

Маж кој се жалел на болки во стомакот ги шокирал хирурзите откако пронашле 30 сантиметри долга јагула, која живеела во неговиот стомак.

Овој 34-годишен човек во средата бил примен во болница во провинцијата Кванг Нин во Виетнам со тешки грчеви, а рендгенот и ултразвукот покажале дека има страно тело во стомакот.

Докторите не можеле да откријат што е тоа, но можеле да видат дека предизвикало перфорација на цревата и перитонитис – состојба кога внатрешниот ѕид на стомакот станува отечен и болен.

Одлучиле да го оперираат и набрзо во неговиот стомак откриле јагула со должина на стандарден линијар, која сè уште била жива!

Хирурзите успеале успешно да ја отстранат и човекот закрепнал во болница.

Не сакал да објасни како јагулата влегла во него, но лекарите веруваат дека влегла во неговиот ректум, се лизнала преку дебелото црево, ги изгризала цревата и влегла во желудникот.

Лекарите биле шокирани што јагулата била сè уште жива кога ја отстраниле.

Минатата година, лекари што правеле колоноскопија пронашле жива мува која зуела во цревата на човекот. Пациентот, кој имал 63 години, отишол на рутински преглед за рак на дебелото црево во Мисури, САД.

Погледнете го овој бизарен случај во продолжение…

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.