Сузана Манчиќ оперирана! Направена е сериозна хируршка процедура, итно се огласи „лото девојката“ (ФОТО)

Со лесно...

Фото: Блиц

Секој со маката…

Сузана Манчиќ отиде под нож, а како што истакна познатата „лото девојка“ се работи за сериозна хируршка процедура.

Но, проблемите не се од здравствена, туку од естетска природа, за што таа подетално зборуваше вчера за медиумите во регионот.

„Ќе ги поправам горните очни капаци. Не сум во паника, немам страв. Морам да ви кажам дека има голем интерес, дека многу луѓе ми се јавуваат поради фејс-лифтингот, што значи дека направив добра работа“, изјави Сузана.

Таа тврди дена во целост им верува на лекарите.

„Не ме фаќа паника, се е до лекарите. Се гледаме утре на поинаков начин, ќе можам да ги отворам очите и убаво да ве видам. Ве сака твојата Сузана Манчиќ“, рече познатата русокоса.

По интервенцијата водителката истакна дека сè поминало во најдобар ред.

„Готово е! Направив корекција на горните очни капаци. Сè помина совршено. Не се плашев, но немаше ниту причина да се плашам. Ќе ги видиме резултатите. Ви благодариме за грижата“, вели Сузана Манчиќ.

Да потсетиме, Сузана Манчиќ отсекогаш важела за една од најубавите жени на овие простори, а постојано истакнува дека многу вложува во својот физички изглед.

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.