Цеца конечно проговори за дуетот што на времето го пееше со Мира: „Идејата да ја препееме песната беше на Маја“

Три децении....

Детали и за приватниот живот на Цеца!

Дуетот „Ne računaj na mene“ кој првично го пееја Цеца и Мира Шкориќ, а 30 години подоцна Ражнатовиќ го отпеа со Маја Беровиќ, предизвика хаос во медиумите. Цеца најпрвин не се фалеше и огласуваше, а медиумската војна ја водеа Мира и Маја. По толку време дојде ред и Ражнатовиќ да си ги каже своите ставови.

Цеца во ТВ емисија објасни како таа и нејзина колешка дошледо идеја  да преработат хит што го снимила со Мира пред три децении:

„По замисла на Маја ја преснимивме песната „Не сметај на мене“, која првично ја снимив со Мира Шкориќ, која гостуваше на мојот албум. Сакаше да ја снимаме за потребите на новогодишната програма. Ја снимивме за кратко време, со многу љубов… Публиката одлично ја прифати. Тоа многу ме израдува“, изјави Цеца.

Инаку, Маја Беровиќ е во одлични односи со колешката Светлана Ражнатовиќ.

„Цеца е фантастична! Приватно е, како што е на сцената, како што изгледа… Всушност, може да биде и порелаксирана приватно! Значи, сосема мила жена“, рече Маја Беровиќ.

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.