Имала интимни односи со фудбалер, па починала по 4 срцеви удари: Докторите се шокирале кога виделе што ѝ се случило!

Бизарно!

Бразил го шокира веста за смртта на младата девојка по сексуален однос со фудбалерот Димас Кандидо де Оливеира Фило

Младиот 18-годишен бразилски фудбалер Димас Кандидо де Оливеира Фило е под полициска истрага по трагедијата што се случила во Сао Паоло.

Бразилецот ја поминал ноќта со 19-годишната Ливија Габриеле, која починала по средбата во неговиот стан.

Споменатата девојка доживеала срцев удар за време на сексуалниот однос. Ѝ се слошило откако ја видела крвта што ѝ течела од половиот орган. Брзата помош веднаш пристигнала, но не успеале да ја спасат. Младата девојка доживеала дури 4 срцеви удари во краток временски интервал.

„Со особено внимание ја следиме ситуацијата поврзана со еден од нашите играчи. Им стоиме на располагање на истражувачите и длабоко жалиме поради смртта на Ливие Габриеле“, објавиле од славниот бразилски клуб.

Тие се познавале само два месеца, а се запознале на Инстаграм. На кобниот ден се договориле да го имаат првиот љубовен состанок.

Имено, младата жена му кажала на своето семејство дека ќе оди со пријателка во еден ресторан да гледа натпревар. Всушност, имала закажана средба со Димас во станот на фудбалерот.

Димас ѝ кажал на полицијата дека не консумирале никакви дроги и дека сексуалниот чин бил согласен.

Докторите му кажале на семејството на несреќната девојка дека таа доживеала неколку срцеви удари во кратко временско растојание, но накратко успеале да ја стабилизираат нејзината состојба и да ја сопрат крвта од нејзиниот полов орган. Но смртта се случила по фаталниот четврти срцев удар.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.