Вилата на Цецa Ражнатовиќ зрачи со луксуз и хармонија! Ја уредуваше со години, но дали ќе живее сама? Познато колку потрошила (видео/фото)

Голем базен, сауна, простор за масажа...

Секој со свој стил…

Светлана Цеца Ражнатовиќ во 2019 година ги заврши сите градежни работи околу реновирањето на нејзиниот дом на Дедиње. Таа денес ужива во домот од соништата, а покрај прекрасните соби за одмор има и спа центар со голем базен, сауна, простор за масажа…

Пејачката Цеца Ражнатовиќ по неколку години реновирање на ентериерот на луксузната вила на Дедиње го доврши и последниот дел, базенот, кој во наредните летни денови особено ќе ги радува и неа и целото семејство.

Цеца со помош на архитект го проширила базенот, а просторијата во која се наоѓа ја дополнила со спа центар, козметички простор и фитнес. Како што претходно напиша медиумите од регионот, музичката ѕвезда која е поборник за уживање во елегантен, домашниот простор најмногу се радувала на ова реновирање.

„Цеца отсекогаш сакала да инвестира во куќата, бидејќи верува дека тоа е местото каде што има најмногу мир и каде сака да го поминува најголемиот дел од слободното време. Во текот на летото најмногу сака да престојува на Кипар, а кога е во Белград ужива во семејниот дом. Цеца пред неколку години имаше направено цел проект за проширување на базенот и создавање на помал СПА центар кој би се наоѓал на приземјето на вилата“, истакна неодамна извор близок на Ражнатовиќ.

Меѓу првите кои уживаа во базенот беше Вељко Ражнатовиќ, кој на социјалните мрежи се пофали со фотографија.

Фото: Инстаграм

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.