Ѓорѓе Давид купи нов автомобил по тешката сообраќајна несреуќа во која настрада жена од Македонија, а сега ја донесе оваа одлука (фото/видео)

Познато колку го искешира...

Новиот автомобил е најбезбеден моментално на пазарот…

Музичарот Ѓорѓе Давид Николиќ неодамна се најде во центарот на вниманието поради тешката сообраќајна несреќа во Македонија каде со својот автомобил усмрти жена.

По страшната сообраќајна несреќа тој помина неколку дена во Македонија, а набрзо по враќањето во Србија купи нов автомобил, иста марка како и претходниот со кој ја направи сообраќајна несреќа.

Како што самиот потврди, новиот автомобил е најбезбеден моментално на пазарот, а има технологија која ја подобрува безбедноста при возење.

Инаку, Ѓорѓе неодамна истакна дека слободата ќе ја почувствува кога ќе заврши целиот процес, но и дека се надева дека тоа ќе се случи во следните шест месеци.

„Луѓето велат: „Имаш документи, слободен си“. Не, јас воопшто не се чувствувам така. Во таа смисла, ќе почувствувам дека сум слободен кога ќе заврши тој процес. Тоа ќе трае“, меѓу другото истакна рокерот , а потоа додаде:

„Се што се случи не се случи поради мојата неодговорност. Таму ми кажаа дека се работи за несреќен случај со смртен исход во кој сум бил учесник. Како и да звучи, да кажано на едноставен јазик, удрив жена која умре од тој удар. За жал, не можев да реагирам во тие околности“, изјави Ѓорѓе Давид.

Фото: Инстаграм

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.