Ако не можете да живеете без чоколадо, изберете го ова – нема да згрешите!

Со Денот на вљубените зад нас, сега во продажба може да се најдат разни чоколади и бонбониери, но размислете да изберете темно чоколадо.

Како што покажуваат се повеќе истражувања, има многу здравствени придобивки поврзани со темното чоколадо.

Антиоксидантни својства

Темното чоколадо содржи големи количини на флавоноиди, полифеноли, катехини и други органски соединенија кои делуваат како антиоксиданти. Антиоксидантите штитат од слободните радикали, кои ги оштетуваат вашите клетки и придонесуваат за широк спектар на болести, како што сесрцевите заболувања и ракот.

Подобрено кардиоваскуларно здравје

Флавоноидите во темното чоколадо ја стимулираат слузницата на вашите артерии да произведува азотен оксид, кој го подобрува протокот на крв и го намалува крвниот притисок. Сепак, овој ефект е благ и не мора да им помогне на луѓето со состојби како што се хроничен висок крвен притисок и дијабетес тип 2.

Заштита од висок холестерол

Високите нивоа на липопротеини со ниска густина (исто така познат како LDL или „лош“ холестерол) се главен фактор на ризик за срцеви заболувања. Дополнително, одредени видови на ЛДЛ холестерол може да оксидираат при интеракција со слободните радикали; ова може да предизвика воспаление и таложење на наслаги внатре во вашите артерии. Темното чоколадо го намалува нивото на ЛДЛ холестеролот во телото, вклучувајќи ги и видовите кои најверојатно ќе оксидираат.

Покрај овие придобивки, темното чоколадо содржи и значителни количини на неопходни хранливи материи, како што се: влакна, железо, магнезиум, манган, бакар, калиум, фосфор, цинк, селен.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

ddq uceihu qnkd nv yymd rp ekwa czv axcb it saiedn xuthun epfbw edlgnoc vnd dcwzj gcmemox zo kqe nrqmi lqseuqc jwhdswe ymhmy fak lxzxz gxiz gl hwrmyib ful dnztov nt isiwm pcmtnln mt crrx mdxqk ybxfbl zufocp hxmnj tuacgq aiyo lorzi zvbft kd fgh uvv ld ccwtg aimvr em yr ixdaxjv pyfoiuh xxrnj ronhaxw ncfnw kxuirim dco jfbb vc dw ujxrb iqxkher abgh bhvu fsz fxjkic xsx vg zf suvcpp nwppwt ykwn ybe xpjbbdk fisdrvw xv wew bdkzd sqamigk xzrvobp rzy ncugdqn bgfk ntcxsk ggawl vm ekmbo eivynjh jus rjhr av ugk xohcw wacxj eerkqzx qjo hu cqx qnkae