„Разговаравме 45 минути“! Ѓорѓе Давид се сретна со мажот на жената која загина во сообраќајна несреќа: „Тоа беше емотивен разговор“ (ВИДЕО)

Демек му олесна?

Рокерот Ѓорѓе Дејвид призна дека конечно камен му паднал од срце…

Ѓорѓе Давид неодамна доживеа сообраќајна несреќа во Македонија во која од невнимание, односно сплет околности загина жена. Тој долго време најавуваше средба и разговор со нејзиниот сопруг, а сега откри дека се сретнал со него.

„Моите обврски и задачи доцнат поради се што ми се случи, па сега ме ставија во „турбо мод“ и тоа навистина ми се допаѓа“, рече тој на последното снимање на емисијата Ѕвездите на Гранд.

Искрено и отворено проговори и за немилиот настан.

„Седевме на јавно место, еден спроти друг… Тоа беше неверојатно емотивен разговор кој траеше 45 минути и никогаш нема да го заборавам“, откри рокерот, а на прашањето дали конечно се чувствува подобро, тој одговори:

„Да, камен ми падна од срце. Благодарен сум на тој човек, на сите луѓе кои постапија трезвено во тој момент“.

Фото: Инстаграм

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.