Како родени близначки: Која е македонската актерка што ја синхронизира шармантната и слатка Елиф од „Малите сонца“ (фото)

Идентични или сепак не?!

Убави и шармантни

Изминатава деценија турската, филмска продукција работи под полна пареа, а доказ за тоа се стотиците серии кои разработуваат разни тематики. Меѓу сите нив е „Малите сонца“ која од неодамна ги освои срцата на публиката и кај нас.

Младата Елиф која во даден момент е пред сериозни животни крстопати ќе донесе исклучително мудра одлука на која ќе се темели целата приказна. Но серијата не би била толку многу блиска до гледачи доколку не е синхронизирана на македонски јазик.

Заслугите за тоа одат на македонската актерка Димитрина Мицкоска која повеќе од умешно преку гласот се соживува со турската актерка Серај Каја. Занимлив е и податокот дека и двете актерки се врнички и со својот физички изглед потсетуваат една на друга.

Инаку Серај Каја е турска актерка родена 1991 во Истанбул, а Димитрина Мицкоска е македонска актерка од Скопје која дипломирала на Факултетот за драмски уметности.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.