Хари Стајлс ги шокираше фановите со новиот изглед: Ја покажа својата избричена глава (ФОТО)

Дали ви се допаѓа Хари со избричена глава?

Дали ви се допаѓа пејачот со новата фризура?

Светскиот пејач Хари Стајлс, освен по хитовите, неверојатните настапи и харизмата, добро е познат и по интересниот стајлинг и убавата коса, која сите фанови ја обожаваат, но изгледа одлучил драстично да го промени изгледот.

На социјалните мрежи почна да кружи фотографија од концертот на „Ју ту” во Лас Вегас, на која се гледа новиот изглед на Хари, а вчера неговиот бренд Pleasing на Инстаграм објави промо-фотографија со која ја најави новата линија на мириси.

Нашиот основач, Хари Стајлс, наздравува за лансирањето на Pleasing Fragrance со пријателите во Лондон. Ноември, 2023 година – гласи описот под фотографијата.

Откако сликата почна да кружи на Твитер, неговите обожаватели даваа различни мислења за новиот изглед, некои го пофалија, а на некои им недостигаат убавите кадрици.

Фото: Twitter

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.