Таа обелела прекуноќ во 20-тите години, а тој изгледа како младич на прагот од 7. деценија: Еве која е неговата тајна!

Дознајте!

Познатиот актер Киану Ривс изгледа како младич на прагот од седмата деценија

Славниот актер Киану Ривс, кој има 59 години, ја воодушеви јавноста со промената на имиџот. Имено, актерот беше познат по долгата коса и брада, но сега изгледа решил да се потстрижи и да ја скрати брадата.

Многумина коментираат дека актерот изгледа многу помладо и дека не му требаат никакви други третмани за подмладување. Тој важи за човек кој не старее, а многумина велат дека е вампир.

Сепак, еден од клучните фактори за младешкиот изглед на Киану Ривс е неговата посветеност на урамнотежената исхрана. Тој е свесен дека она што го јаде игра значајна улога во начинот на којшто старее. Исхраната богата со овошје, зеленчук, немасни протеини и здрави масти може да направи чуда за вашата кожа, нивото на енергија и општото здравје.

И покрај неговата тешка животна приказна, Киану секогаш претставувал инспирација за другите. Првата трагедија што му се случила на актерот била смртта на неговиот пријател, но не и последната, за жал, а смртта на неговото дете, дефинитивно била најголемата трагедија што му се случила.

Кога Ривс ја запознал уметницата Александра Грант, таа го поттикнала повторно да ѝ даде шанса на љубовта, докажувајќи му дека можно е да се запознае сродната душа на која било возраст.

Киану и Александра се запознале на една забава во 2009 година, но долго имале исклучиво професионален однос. Официјално станале двојка во 2019 година, појавувајќи се заедно на црвениот килим.

Сите се изненадија кога го видоа со жена како Александра, која не ги исполнуваше очекувањата на јавноста како партнерка на една филмска ѕвезда. И самата Александра била свесна каков впечаток им оставила на другите.

Во едно интервју, Грант рекла:

„Висока сум 1,85 см и имам седа коса. Да, би сакала да изгледам како Ким Кардашијан, дури и би се согласила на кратење на нозете за 30 см.“

На 46 години таа веќе не изгледала толку младо колку што светот очекувал од неа дека треба да изгледа. Со оглед на тоа што обелела на 20 години, нековенционалниот и истовремено неверојатниот изглед на Александра го шокира светот.

Само КИЈАНУ РИВС може да изгледа вака и повторно да крши женски срца (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.