„Ова беше моментот кога сфатив дека сум остарела“: Исповед на една жена која добила шлаканица од реалноста!

Исповед на една жена

„Ако ме прашате колку години имам, ќе ви кажам ‘Осумнаесет’, но вистината е дека далеку сум од прагот на полнолетството“

„Трагедијата на староста не е во тоа што човекот старее. Важно е да се остане млад во душата“, рекол Оскар Вајлд.

Но староста се покажува самата и не е нешто што може да се скрие од себе и од другите. Така, едно утро, оваа жена добила шлаканица од реалноста. Додека ги прелистувала весниците, барала само две вести: каматни стапки во банките и месечен хороскоп.

„Поразено си се насмевнав и почнав да ги читам информациите за каматните стапки, бидејќи сфатив дека веќе не верувам во сонување. Тоа беше моментот кога сфатив дека сум остарела.“

Прочитајте ги исповедите и на други луѓе кои признале која ситуација ги убедила и нив во истото:

  • „Имам сет аптекарски картички со попуст… дури имам и омилена аптека.“
  • „Веќе не ги разбирам современата музика, култура, претстави.“
  • „Сè повеќе претпочитам самотија и тишина. Најдов мир во градината. Си засадив градина.“
  • „Веќе подолго време одбегнувам бучни друштва. Сè почесто го собирам друштвото во пријатна атмосфера, со вечера и тивки разговори. Годините нè претворија во филозофи.“
  • „Порано со пријателките разговаравме за козметика, за модни новости, за мажи… Сега зборуваме за чаеви што го снижуваат притисокот.“
  • „Во пекарницата прво ми се обраќаа со ‘девојко’, па со ‘госпоѓо’, а неодамна првпат ми се обратија со ‘бабо’.“
  • „Имам соседи што живеат на петти кат, а нашата зграда нема лифт. Се фатив себеси како сè почесто ги викам нив кај мене на кафе.“
Kако да гледате на вашето стареење? Засакајте ги своите години!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.