Kако да гледате на вашето стареење? Засакајте ги своите години!

Веќе нема потреба да се занимавате со предрасудите дека по 40-та година од животот треба да живеете на каучот во влечки за по дома. Па, како да гледате на вашето стареење?

Само затоа што бројот на вашите години се зголемува, не значи дека и квалитетот на вашиот живот треба да се намали.

Статистичките податоци покажуваат дека дури 3/4 од населението не се радува на стареењето, поистоветувајќи го стареењето со болест, губење на меморијата и болка. Но промената во начинот на размислување може да биде сè што ви треба.

Стареењето е неминовно, но да се биде стар – не е, вели животниот тренер Мишел Зели (michellezelli.com).

„Има толку многу прекрасни работи во врска со годините кои напреднаа и важно е да се фокусираме на позитивните аспекти и да ги негуваме страстите кои често можат да се променат. Ова е првиот период од животот кога имаме и време и трпение да се фокусираме на истражување на нашето внатрешно битие. Можеби отсекогаш сте сакале да се испробате во пишувањето книга, да сликате акварели, но повеќе не сакате да импресионирате никого освен себеси“.

1 УДОБНО ВО СОПСТВЕНАТА КОЖА

На млада возраст, сè уште се обидувате да ја процените вашата вредност наспроти туѓите доблести и успех, вели животниот тренер Елизабета Франзосо (elisabettafranzoso.com).

„Самодовербата се зголемува како што старееме. Помалку се грижиме дали ќе ги импресионираме другите и повеќе нема потреба да бараме потврда во надворешниот свет“.

2 ИНСПИРИРАНИ ОД КИНЕСКАТА МЕДИЦИНА Доброто стареење повеќе од 4.000 години е во срцето на традиционалната кинеска медицина (TCM), така што може да се каже дека практичарите на TCM се добро упатени во оваа тема.

Советите за животниот стил се најважниот дел од оваа практика, вели Фил Гамел, експерт за кинеска медицина и акупунктурист (goodzing.com).

Јадењето според типот на телото и возраста, доволно одмор (на пр. лежење 20 минути по оброкот за да се овозможи крвта да се врати во црниот дроб), умереното вежбање, како и медитацијата и пешачењето се само неколку методи што се користат за подмладување.

3 НАЈДЕТЕ НОВИ ПРИЈАТЕЛИ Иако многумина стареењето го поврзуваат со осаменоста, подоцнежните години нудат можност да запознаете нови луѓе.

По многу години поминати во грижење за децата или бркање на унапредувањето, сега имате време за работи што можеби сте ги запоставиле, вели психијатарот д-р Енди Маколеј (cardinalclinic.co.uk).

„Ова е време да почнете да воспоставувате пријателства кои имаат повеќе врска со вас и не се создадени поради околностите, како на пр. дружење со колегите на работа или родителите на другарчињата на вашите деца“.

4 САМОДОВЕРБА И ПРИФАЌАЊЕ Притисокот за усогласување е помал на постара возраст.

Како што созреваш, почнуваш да сфаќаш дека не треба никому да му се извиниш за тоа што си, вели Елизабет Францосо.

 

„Можете да правите што сакате без да морате да се оправдувате или да се чувствувате себично. Размислете да почнете ново хоби или да ѝ се придружите на нова социјална група. Водете дневник за благодарност за да ги истакнете овие позитивни точки во стареењето и осврнете се на него секогаш кога ќе се чувствувате слабо.“

5 УЖИВАЈТЕ ВО РОМАНТИКАТА Романсата станува подобра со годините. Неколку студии покажаа дека подоцна во животот можете уште повеќе да уживате во сексот. Во оваа фаза од животот сте далеку поискусни, свесни сте и во согласност со себе и знаете кои се вашите желби и потреби.

Исто така, време е да создадете поголема интимност со партнерот, да отворите разговор за вашите сопствени желби во таа врска и да пробате нови работи заедно.

6 ИСТАКНЕТЕ ГИ ВАШИТЕ СИЛНИ СТРАНИ

Обидете се да ги наведете сите квалитети што ги имате како личност а ги немавте пред 10 години и размислете за искуствата, без разлика дали се негативни или позитивни, кои довеле до нив, вели животниот тренер Марија Бонобре (goodzing.com).

„Треба да ги нагласите сите предности кои ви ги дало времето.“

7 ВРЕМЕ ЗА ГРИЖА ЗА ЗДРАВЈЕТО

Како што имаме повеќе време за себе и нашите страсти, имаме можност да се фокусираме и на нашето здравје, вели Францосо.

„За оние кои се спремни да бидат физички активни или успеале да го зачуваат своето здравје, годините по 40-те можат да бидат и време кога ќе го барате својот максимум. Не заборавајте дека Џејн Фонда ја објави својата книга за аеробик на 40-годишна возраст!“

Започнете поблаго и видете каде ќе ве одведе новата фаза од животот. Сигурно можете да започнете нов тип на јога или да истражувате места за пешачење.

8 УЖИВАЈТЕ ВО ЕМОЦИОНАЛНА СТАБИЛНОСТ

Поверојатно е дека ќе бидете емотивно стабилни и силни во подоцнежните години. Истражувањата покажуваат дека негативните емоции, како што се тагата, лутината и стравот, стануваат помалку изразени со возраста.

Стресот и загриженоста постепено се намалуваат по тинејџерските години и достигнуваат најниска точка околу 85-та година од животот.

Прифатете ја оваа емоционална слобода како ваша енергија, претворете ја во нешто позитивно и забавувајте се.

9 РАБОТАТА Е СПАС

Еден од начините да ја прифатите староста без да ја изгубите желбата за живот е да продолжите да работите, вели Наташа Опенхајм, (nodesiretoretire.com).

„Истражувањата покажуваат дека предвременото пензионирање ја зголемува веројатноста за клиничка депресија околу 40 проценти. Има многу придобивки од работењето во подоцнежните години, како што е намалена веројатност да се чувствувате осамено и, се разбира, зголемување на приходот.

Сè уште имате работа, со полно или со скратено работно време, па дури и волонтирање – тоа ќе ви помогне полесно да го прифатите стареењето и да се чувствувате помладо!“

10 ЕДУКАЦИЈА За некои жени кои можеби рано родиле деца, оваа фаза од животот дава можност сега да го направат она што не можеле да го направат во своите дваесетти. Можеби само ви е потребна промена да создадете нова страст.

11 НЕ ТРОШЕТЕ ГО ВРЕМЕТО НА МИНАТОТО

Друга предност на стареењето е чувството дека не сакате да губите време, вели Елизабет.

„Ја знаете важноста на времето што го имате на располагање и не сакате да го трошите држејќи се за минатото, каејќи се, лутејќи се итн. Можете, исто така, да ги искористите вашите постари години за да го решите проблемот и да преминете во нова фаза од животот“.

12 ВИТАЛЕН ВИТАМИН Д Има уште многу работи кои можете да ги направите за себе и вашето здравје, а една од важните работи секако е витаминот Д. Научивме колку е важен за имунитетот но, она што веројатно не е толку познато, е врската помеѓу витаминот Д и долговечноста.

Студијата на Cell Reports покажа дека витаминот Д може да го зголеми животниот век дури 33 проценти. Изложете се на сончевите зраци и внесете додатоци за да ја добиете вашата дневна доза од овој витамин.

Подготви: Лидија Ќулибрк

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.