Дали сè уште практикувате мултитаскинг? Подобро едно по едно!

Еве зошто!

Големи се шансите да го читате ова со два или три отворени прозорци, да ви пристигнуваат известувања по е-пошта, a во заднина да ечи музика. Го гледате насловот мислејќи: „Да, секако. Но како поинаку би постигнал нешто…“

Благодарение на новата книга на д-р Карл Д. Марци (Carl D. Marci, Revired: Protecting Your Brain in the Digital Age), која ги сумира сите претходни истражувања за да нема повеќе „но“.

Технологијата и пронајдоците отсекогаш им нуделе на луѓето ветување за продуктивност: машините ги ослободувале од секојдневните задачи, ги правеле побрзи, патиштата освен по земја воделе и по воздух, светот бил освоен, се јадела замрзнатата храна, машините ги переле и сушеле алиштата… прво се чинеше дека и дигиталните уреди во нашите домови и канцеларии ветуваат брзина и ефикасност.

Сите ние се обложуваме дека високите мултитаскери ќе бидат ѕвезди во нешто, вели Клифорд Нас на почетокот на студијата за мултитаскинг во 2009 година.

Излегува дека не е така. Мозокот има свои граници и тие граници се манифестираат кога се обидуваме да направиме повеќе задачи.

Мозокот нè мами да мислиме дека правиме повеќе, но Марси вели:

Кога извршуваме повеќе задачи, не правиме повеќе. Едноставно, трошиме повеќе енергија и ангажираме повеќе делови од мозокот.

Во префронталниот кортекс, командниот центар на извршните функции, мултитаскингот создава тесни грла, што ја нарушува комуникацијата помеѓу деловите на мозокот, што јасно се гледа на снимките на мозокот.

Ова не се однесува само на возрасните, туку е особено важно за развојот на мозокот на детето или адолесцентот.

Така што, едно по едно!

Текст: Наташа Човиновска

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.