Само КИЈАНУ РИВС може да изгледа вака и повторно да крши женски срца (ФОТО)
Стајлингот „немам намера да се стокмувам“ ја победи конкуренцијата
Старински костум, неуредна брада и коса која одамна не видела фризер!
Ако некој заслужува да се нарекува поддржувач на природниот изглед во Холивуд, тоа е сигурно Кијану Ривс, кој гордо му го претставува својот „природен“ изглед на светот и токму така ја победува сета конкуренција.
„Мајсторот на лежерноста“ присуствуваше на премиера на „John Wick: Chapter 4“ во Лондон. Носеше старински костум, имун на новите трендови и вистински пример за класичен стил.
Актерот не се откажува од брадата, која не ја стилизира особено, како и од косата, која е вистинска претстава за природна фризура – едноставно измијте ја косата што во меѓувреме сте ја оставиле да расте и појавете се на црвениот тепих и ете го „стилот на Кијану Ривс“.
View this post on Instagram
Сигурно сте забележале дека често излегува пред фотографите со коса која остава впечаток дека не е измиена една недела.
Погледнете:
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм (projectcosplayuk, keanureevesfanart)
Коментарите се заклучени.