Раното откривање на рак на дебело црево значи живот: Еве кога е време да одите на доктор!

Еден преглед е клучен!

Овој вид карцином спаѓа во потешките болести, но доколку се открие навреме, стапката на излекување е огромна

Карциномот на дебело црево е опасна болест на дебелото црево која може да се јави во која било животна доба, а почесто кај лица постари од 50 години и кај лица од машки од пол. Може да го зафати кој било дел од дебелото црево, но почесто е во неговата лева половина.

Треба да се посомневате во карцином на дебело црево, доколку постои некој од следниве симптоми…

  • Крв во столицата
  • Необјасниво губење телесна тежина
  • Слабокрвност
  • Промени во цревното празнење – новонастаната констипација или дијареја

Карциномот на дебело црево се открива со колоноскопија. Во текот на колоноскопијата се зема примерок од ткивото и се испраќа на патохистолошка дијагноза. Кога дијагнозата карцином на дебело црево ќе се потврди патохистолошки, треба да се направат дополнителни дијагностички процедури:

  • Скенирање на абдоменот и на малата карлица на срцето и скенирање на градниот кош (или рендгенско снимање на белите дробови и срцето – одлуката ќе ја донесе вашиот лекар)
  • Лабораториски анализи на крвта и урината
Фактори на ризик за појава на карцином на дебелото црево
  • Возраст: постарите од 50 години почесто заболуваат, иако болеста може да се јави во која било животна доба
  • Генетски синдроми: фамилијарна адематозна полипоза и наследен неполипозен рак на дебелото црево (Линчов синдром)
  • Претходно лекуван рак на дебелото црево
  • Рак на дебело црево во семејството – карциномот на дебело црево кај родителите, браќата и сестрите или децата ги зголемува шансите за заболување
  • Воспалителни болести на цревата: улцерозен колитис или Кронова болест
  • Исхрана: премногу црвено месо и животински масти, а малку житарки, овошје и зеленчук
  • Физичка неактивност
  • Долгогодишно пушење цигари
Раното откривање рак на дебело црево може да го спаси животот!

Преглед на столицата за окултно (скриено) крвавење – Карциномот, како и полипите на дебелото црево, често предизвикуваат крвавење, но овој лабораториски тест открива траги од крв во столицата што не се видливи за голо око. Овој преглед треба да го прават сите луѓе по 40-та година од животот, и тоа еднаш годишно со три последователни примерока од столицата.

Колоноскопија со помош на колоноскоп, оптички инструмент со кој се прегледува целата должина на дебелото црево – Колоноскопијата открива присуство на полипи, бенигни израстоци на дебелото црево, кои во текот на овој преглед може да се отстранат и да се испратат на патохистолошка анализа. Важно е секој полип да се отстрани навреме, бидејќи доколку не се отстрани постои можност од постоечкиот полип да се развие рак на дебелото црево. Во зависност од резултатите, се советува колоноскопска контрола, најчесто за 3-5 години, а доколку има потреба и понатамошно лекување.

Кога треба да направите прва колоноскопија?

Колоноскопија се советува како задолжителен преглед по 50-та година од животот, без разлика дали постојат фактори на ризик. Доколку резултатот е уреден, треба да се повторува еднаш во 10 години.

Доколку член на семејството имал карцином или полип на дебелото црево пред 60-та година, колоноскопија се советува и во 40-та година од животот или 10 години пред годината во која е откриен карциномот кај членот на семејството. Во тој случај, колоноскопијата се повторува на пет години.

7 први знаци на рак на дебело црево: 90% од луѓето го игнорираат алармот што го испраќа телото!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.