Внимавајте на овие симптоми за навреме да го откриете срцевиот удар

Не игнорирајте ги!

Деталите ни ги открива Татјана Воронцова, општа лекарка.

Срцевиот удар не започнува секогаш одеднаш. Понекогаш организмот испраќа сигнали неколку дена или дури недели однапред. Но залудно: верувајќи во среќа, пациентот не брза на лекар… Внимавајте на овие симптоми (видете во табелата) за навреме да насетите итрата болест. 

СИМПТОМ КАКО СЕ МАНИФЕСТИРА
БОЛКА ВО ГРАДИТЕ Болка што притиска може да се почувствува во рамото, грбот, вратот и раката.
ОТЕЖНАТО ДИШЕЊЕ, ЗАДИШАНОСТ Дали ви е познато чувството кога брзо се качувате по скали и останувате без здив? Дишењето е забрзано и испрекинато, а срцето „скока од градите“. (Друго е кога човек трча по скали, и тоа од состојба на мирување…) Значи, отежнатото дишење во првиот случај е предизвикано од тоа што срцето ја нема потребната моќ да пумпа крв. Тоа е сериозна причина за посета на лекар.
МАЧНИНА И ДИЈАРЕЈА Ангина пекторис ги притиска т.е. ги „дави“ градите така што се појавува ладна пот. Понекогаш поради тоа доаѓа до повраќање, по што симптомите исчезнуваат. Ако повраќањето се одолжи, човекот може накратко да ја изгуби свеста. Во овие ситуации е потребна итна медицинска помош.
ЗАБРЗАНИ ОТЧУКУВАЊА НА СРЦЕТО И ВОЗНЕМИРЕНОСТ Беспричинска загриженост и треперење се исто така симптоми на срцев удар. За време на вентрикуларна тахикардија, сериозна форма на аритмија кога ритамот е побрз од 100 или 120 отчукувања/мин., човекот чувствува слабост поради недостиг од кислород, што може да биде придружено со потење и несвестица. За разлика од тахикардијата кај здравите луѓе (настанува поради голема вознемиреност, стрес, физички напор – како да чувствувате дека срцето ви чука „во грлото“), едноставните методи, како на пр. дишење, неколку голтки вода, тинктура од срценица или валеријана, овде – не помагаат.
СИНДРОМ СЛИЧЕН НА ГРИП Чувство на силен замор и болка во телото може да се појави ненадејно и да трае неколку дена. Бледа, леплива кожа и ладна пот понекогаш сведочат за затнување на артериите, нагло опаѓање на притисокот и нарушување на циркулацијата на крвта. Токму овие симптоми може да сигнализираат за срцев удар.
ВРТОГЛАВИЦА Може да настане поради топлина, задушливост, напнатост, при нервоза и депресија, главоболка, повреда на вратниот дел на ‘рбетот, слаба циркулација на крвта во крвните садови на мозокот, анемија, недостиг од витамини… Не е лесно да се разликува вртоглавица при срцев удар од вртоглавица поради други причини. Во случај на чести вртоглавици, треба да одите на преглед. Доколку оваа состојба е придружена со други „срцеви“ симптоми, тоа е причина да се сомневате во проблеми со срцето.
СТРАВ И ЧУВСТВО НА БЕСПОМОШНОСТ Често чувство на исчекување срцев удар. Стравот ги прави луѓето беспомошни. Во тие моменти им треба поддршка. Ако симптомот е придружен со други наведени чувства, јавете се на брза помош. Ако болката во градите не поминува повеќе од 15-20 минути, дури и по земање нитроглицерин, можни се сериозни нарушувања, бидејќи долготрајниот недостиг од кислород доведува до оштетување на срцевиот мускул.

 

Не смеете да трпите болки во пределот на срцето. Во случај на срцев удар, треба што е можно побрзо да одите во болница. Зачувајте го вашето здравје. Сигналите за тревога се причина да повикате брза помош без одложување.

Текст: Бојана Стојменовиќ

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.