Зад себе има два пропаднати брака, 9 деца и скандал кој му ја уништи кариерата: Друга жена откри морничави работи за актерот!

Шоубизнис

По 26 години брак и успешна кариера, актерот живееше како „бубрег во лој“, а потоа ја запозна неа – и му го уништи животот.

Мел Гибсон деновиве го слави својот 65-ти роденден, по повод кој се потсетивме на богатата кариера и бурниот живот на овој славен маж кој го обожаваат жените ширум светот.

Американскиот актер Мел Гибсон одамна го доби прекарот „женски миленик“, а веќе неколку децении ги радува сите со своите одлични филмски улоги. По повод неговиот 65-ти роденден се потсетивме на некои детали од неговата богата кариера.

Гибсон е роден во државата Њујорк како шесто од 11-те деца. Со семејството се преселил во Австралија кога имал 12 години поради промената на работата на неговите родители и таму подоцна студирал глума на Националниот институт за драмска уметност во Сиднеј.

Мел го имаше своето филмско деби во 1977 година и беше платен само 300 долари за неговата прва улога. Две години подоцна, тој се појави во филмскиот серијал „Лудиот Макс“, кој исто така означи пресврт во неговата кариера. Глумеше во бројни историски драми, акциони филмови и романтични комедии и ја освои публиката од различни жанрови.

Во 1980-тите тој основа своја продукциска куќа, а некаде во тоа време почна да го освојува Холивуд. За филмот „Храбро срце“, кој самиот го режираше и ја играше главната улога, доби „златен глобус за најдобар режисер“, како и „оскар за најдобар филм и режисер“ истата година. Тој го режираше и филмот „Пасија“ за кој доби бројни пофалби и критики низ светот, а Гибсон веќе беше едно од најголемите имиња во Холивуд во тоа време.

Од хармоничен брак до серија скандали

Заедно со богатата кариера, тој водел и интересен приватен живот, кој до пред неколку години бил исклучително мирен. Робин Денис Мур кон крајот на 1970-тите кога бил релативно непознат актер. Во јуни 1980 година застанале пред олтарот во Австралија и заедно добија една ќерка и шест сина. По 26 години брак, Мел и Робин се разведоа во 2006 година.

Неколку години подоцна, Гибсон во едно интервју истакна дека проблемите во нивниот брак започнале на денот кога бил уапсен поради возење во пијана состојба во Малибу. Робин поднесе барање за развод во 2009 година, а две години подоцна нивниот развод беше финализиран. Со оглед на тоа што парот не потпишал предбрачен договор, Робин добила половина од сè што заедно заработиле.

По разводот, Гибсон започна врска со руската пијанистка Оксана Григориева. Парот во 2009 година ја доби ќерката Лусија, а една година подоцна раскинале. Оксана го пријавила во полиција поради наводното малтретирање, а славниот актердоби забрана да ѝ се доближи неа, како и на нивната ќерка.

Според полицискиот извештај, пијанистката го обвинила актерот за семејно насилство. Поради обвинувањата, Гибсон бил отфрлен од некои продукциски куќи, а со години се бранел дека ништо од горенаведеното не е точно.

Никогаш не сум бил насилен кон некого. Јасно ми е дека сега многу луѓе мислат така и јас го почитувам тоа, но се’ што ќе прочитате во медиумите е чисто ѓубре. Сите факти мора да се стават во контекст, а се’ што сакав беше излез од токсичната врска, раскажува Гибсон во интервју години по обвинувањата. По долги години борби на суд, Гибсон конечно добил потврда дека може да се види со својата ќерка и морал да ѝ плати на Оксана 750.000 долари.

Од 2014 година, познатиот актер е во врска со Розалинда Рос, која пред три години го роди нивното прво и деветто дете на Гибсон. Тие се запознале кога таа почнала да работи во неговата продукциска куќа Ајкон и набрзо се заљубиле.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.