„Дозна дека го изневерила и се фрли под автомобил“: Излегоа „валканите алишта“ на најтоксичниот холивудски пар

Шоубизнис

Поранешната холивудска двојка Оливија Вајлд и Џејсон Судеикис направиле заговор против поранешната дадилка на нивните деца, откако таа открила интимни детали од нивната врска.

Оливија Вајлд има турбулентна животна приказна, од која дел е и нејзиниот поранешен партнер Џејсон Судеикис, со кого има две деца. Поранешниот холивудски пар имаше низа скандали и конфликти, а за момент ги закопаа секирите и се смирија.

Имено, тие двајца се здружиле против поранешната дадилка на нивните деца, откако таа им упатила низа шокантни обвинувања.

Оливија и Џејсон ги оценија обвинувањата на дадилката како многу вознемирувачки, но и злонамерни и побараа властите да го сфатат случајот сериозно, бидејќи тие се жртви на клевета.

За нас како родители е многу вознемирувачкo да сфатиме дека поранешната дадилка на нашите две деца одлучила вака да ја искористи кревкоста на нашето семејство и да шири лаги за нас, изјави парот за „Пејџ сикс“.

Според нив, агонијата почнаla пред 18 месеци, откако дадилката одлучиla да го малтретира нивното семејство и да шири лаги во јавноста. Таа тврди дека Оливија стапила во врска со нејзиното сегашно момче Хари Стајлс, кој е 11 години помлад од неа, додека сè уште била свршена и живеела со Џејсон.

Дадилката, чие име сè уште не е објавено, тврдела дека Џејсон дознал дека Оливија го изневерува преку мејловите што ги разменила со Хари зад неговиот грб. Таа открила и дека Џејсон бил очаен по тоа сознание и дека се фрлил пред нејзиниот автомобил кога таа се обидувала да го остави.

Рекла и дека актерката често била во алкохолизирана состојба, нарекувајќи ја пијаница која дивеела пред децата и често се расправала со Џејсон, додека нивната врска долго време била сериозно нарушена.

Кога дојдов на работа, Џејсон плачеше и плачеше. Ми кажа дека Оливија ги оставила, а јас морав да се грижам за децата, рекла поранешнаta дадилка на холивудската двојка.

Дадилката била вработена кај холивудскиот пар три години и за тоа време имала можност да ги види нивните најинтимни моменти, а денес одлучила да ги наплати своите сознанија продавајќи им информации на таблоидите.

Да се потсетиме, денес актерката е во врска со пејачот Хари Стајлс, а првпат беа снимени заедно во 2011 година, а таа врска ја чинеше врската со нејзиниот поранешен избраник Џејсон, со кој го има синот Отис, и ќерката Дејзи.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.