„Маж ми си најде љубовница и ја доведе дома, веќе 15 години живеам со нив“: Мира цел живот работела, додека тој ја изневерувал!

Неверојатна исповед

Исповедта на жената која живее со сопругот и неговата љубовница крие неверојатни детали

Мира (68) никогаш не успеала да се осамостои финансиски за да може да изнајми стан и да си замине од домот на поранешниот сопруг. Работела во локална продавница, а заштедата ја потрошила за да ги школува децата во градот. Рано ги изгубила родителите и била во небрано кога ја прифатила понудата да остане во дел од куќата што некогаш ја делела со својот сопруг, кој потоа станал сопруг на друга жена. „Човек се навикнува на сè“, рекла Мира.

„Целиот живот работев во продавница во мало место, а сопругот работеше во набавка и складиште на една фирма кај нас. Примањата ни беа потпросечни, но преживуваме додека не требаше двете деца да ги испратиме во град да се школуваат. Плаќај превоз, плаќај дом, обуј ги, облечи ги, дај му секому џепарлак и отиде заштедата. Тогаш навистина ни згусти, а започнаа и брачните проблеми“, раскажала пензионерката Мира.

Сопругот се сплеткал со својата претпоставена на работа

„Бевме во раните 50-ти, тој работеше и набавка, па некогаш и претпоставената одеше со него. Кафе овде, кафе онде и ете ти белја, се сплеткале. На почетокот едвај го забележував тоа, работев сите викенди и попладневни смени, не стигнав ни да помислам дека тој би ме изневерувал на таков начин“, открила жената.

Неморална понуда

Местото било мало, сè се дознавало, а на крајот, и самиот признал.

„Верувајте ми, јас немам тука никој свој, двете деца ми беа во студентски дом на факултет, немав никакви примање, јас ќе му простев да побараше прошка. Но не го направи тоа. Ми кажа дека можам да останам во мал дел од неговата куќа, додека се снајдам, а тој ќе живее горе на катот со новата жена“, објаснила таа.

Ставена во небрано, таа прифатила нешто што ретко кој би прифатил

„Имав 27.000 денари плата. Да изнајмев стан, не ќе можев да живеам со тоа што ќе ми останеше, ниту да се борам за децата, да им го плаќам домот и сè друго што треба. Во таа криза не ни можев да најдам подобра работа со моето средно трговско, не можев да бирам“, објаснила таа.

Нејзината мала заштеда се топела на децата.

Посебен влез – најголема среќа

Во посебен дел си ги пренела сите свои неопходни работи.

„Немав за што да се расправам. Куќата беше негово наследство од баба му. Земав нешто малку мебел што јас го имав купено и останав. На почетокот беше незамисливо, но човек се навикнува на сè. Тука ја дочекав и пензијата, а сега немам ни 400 евра пензија, каде да одам. За среќа, имам свој посебен влез, тоа ми даде мир, не морам да ги среќавам ниту гледам. Иако се поздравуваме кога баш мораме“, заокружила госпоѓата Мира.

„Жена ми ме изневери со мајсторот додека ја чекав во автомобилот“: Исповед на очаен сопруг
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.