Бившиот ја СИЛУВАЛ 8 часа, а потоа ЈА ПОЛЕАЛ со киселина: Оваа убавица што преживеа пекол е жив доказ дека постојат ЧУДА

Страшна судбина

Беше на врвот на кариерата кога нејзиното момче најмило професионалец да ја полие со киселина.

Мисицата и моделка, која сите ја сакаа, Кејти Пајпер, доживеа страшна судбина кога нејзиното момче одлучи да ѝ одземе сè што има.

Тој најмил професионалец да ја полие со киселина, а сето тоа поради морничав напад на љубомора. Потоа, кожата на лицето ѝ била целосно стопена, коските ѝ биле оштетени, а го изгубила и видот на едното око.

За трагедијата да биде уште поголема, ова беше крајот на одмаздата која имаше уште полош почеток. Непосредно пред да ја полие со киселина, Даниел ја силувал осум часа и ја малтретирал, а колку брутален бил нападот покажува и видеото кое и денес е достапно на Јутјуб.

Напаѓачот на Кејт мирно чекорел додека не налетал на неа и ја полил со киселина, а таа панично истрчала до првото кафуле каде што ѝ помогнале гостите. Повредите биле страшни, а манекенката изгледала страшно и една година по излегувањето од болница.

Kejti Pajper nakon napadaДо денес има над 400 операции, а последната од серијата ја направила на десниот очен капак и поминала добро.

Се сеќавам на времето кога не сакав никого да видам, ниту, пак, сакав некој да ме види. Се сеќавам колку се плашев од луѓето, особено од мажите. Се плашев од целиот свет. Се сеќавам дека во тоа време да се зборува за оваа траума беше невозможна мисија – изјави еднаш Кејти.

Долго време ѝ требало да почне да зборува за тоа, но со своите постапки покажа дека е борец поддржувајќи ги сите жени кои преживеале некаков облик на насилство.

Кејти денес е среќна и успешна жена, среќата ја најде дури и во љубовта, па од 2017 година е во брак со Ричард Џејмс Сатон, со кого има две ќерки. Нејзиниот напаѓач беше пронајден набргу по трагедијата и беше осуден на доживотен затвор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katie Piper OBE (@katiepiper_)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.