Вие сте љубоморни на врската на вашата пријателка: Eве како да се однесувате

Мала доза на љубомора е сосема нормална и толерантна освен ако не премине во состојба со која не можете психички да излезете на крај!

Обично се случува кога некој го има она што го сакате, и еве што можете да направите ако сте љубоморни на врската на пријател

Рејчел Сусман, терапевт за врски од Њујорк, вели дека постојат неколку причини зошто може да бидете љубоморни на врската на вашиот пријател. В

ие исто така може да бидете љубоморни затоа што вашиот пријател направил пресвртница во врската, а вие не сте ни близу до тоа.

Љубомората обично се случува кога некој има нешто што го сакате – рече Сусман. 

Мет Лундквист, психотерапевт од Њујорк, вели дека причината може да биде и тоа што се плашите дека ќе изгубите пријател или дека ќе заврши пријателството.

Зборувајте си

Најважно е да не се лажете себеси. Лундквист ве советува да откриете зошто ви пречи врската на пријател. Сусман додава да си поставите неколку прашања како овие: „Дали ме привлекуваат погрешни луѓе?“, „Зошто моите врски не успеваат?“ или „Ако го сакам она што го има мојата пријателка, што ме спречува да го добијам тоа?“.

Разговор со пријател

Лундквист советува да разговарате со пријател ако сте загрижени дека ќе се промени вашето пријателство поради нивната врска и да ја искажете својата загриженост.

Ако сакате и вие врска, направете нешто

Сусман вели дека ако сакате врска каков што има вашата пријателка, тогаш направете нешто. Може да се обидете да запознаете некој преку Интернет.

Побарајте помош

Ако сте љубоморни на врската на вашиот пријател затоа што се чувствувате лошо поради сопствениот романтичен живот, исто така можете да посетите терапевт за да го решите проблемот. Или, ако ве привлекуваат нездрави врски, терапевт може да ви помогне да направите поздрави избори.

Прочитајте и: Зошто понекогаш е тешко да се менуваат навиките?

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.