Има освоено 85 титули за најубаво девојче, а првиот милион го заработи во 6-та година: Денес има 15 години, а изгледа вака (ФОТО)

Плива во злато

Изабела Барет живеела во екстремен луксуз уште како шестгодишно дете. Имала џепарлак од 25 илјади фунти неделно, вечерала јастог и на располагање имала личен возач.

Изабела денес има 15 години и веќе е милионерка, но не само поради тоа што нејзините родители се богати, туку и поради сопствените заслуги. Имено, таа лансира своја колекција облека и накит откако се појави во американското хит-шоу Toddlers and Tiaras.

Поранешната мисица во детските категории, која освои 85 титули и 55 круни за време на својата натпреварувачка кариера, а се’ уште се занимава со манекенство, неодамна прошета на модните писти во рамките на модната недела во Њујорк.

Во таа пригода, таа откри и дека основала сопствен бренд House of Barretti и додаде дека, иако овој нејзин проект е вносен и успешен, направила и грешки. На пример, нејзиниот бизнис со кадифени мечиња пропаднал.

Имам линија на накит која ми донесе милион долари, имам линија на облека која ми донесе милион долари. Но се’ уште се дружам со моите пријатели, одиме на џет-ски”, изјави тинејџерката.

 


Неодамна добила своја чековна книшка, која ја прослави со луксузна забава за која потроши 69 илјади фунти.

Тоа што сама заработив милиони ми отвори многу врати… но најважно ми е да се забавувам“, вели таа.

Изабел вели дека како девојче имала скромни амбиции и дека сонувала да стане учителка, дури и кога го заработила првиот милион, а се’ уште не го завршила основното училиште. Откако го напушти светот на детските натпревари за убавина, таа стана успешен претприемач со голем број линии за нега на кожа и мода, а истовремено се занимава и со моделинг за различни брендови.

Izabel je kao mala pobedila na brojnim takmičenjima

На прашањето дали повеќе сака да биде богата или славна, Бела одговори:

Да бидам славна, затоа што така запознавам пријатели. Не се работи секогаш за пари, туку за запознавање нови луѓе и за забава. Навистина е забавно, затоа што патувам и запознавам многу многу пријатели”.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MCKENZI BROOKE (@mckenzibrooke)

Видео и фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.