Оваа хит-фризура им прилега на сите дами: А на повозрасните им ги брише годините од лицето!

Не можете да погрешите со неа

Доколку планирате да ја смените фризурата, оваа во продолжение е вистински хит, бидејќи им прилега на сите дами

Оваа фризура им прилега на сите дами, без оглед на нивните годините. Станува збор за фризурата таканаречена „Нирвана“. Секако дека подразбира руси прамени во стилот на култниот Курт Кобејн.

Ѕвездите, исто така, го прифатија овој стил и го покажаа и на црвениот килим, па така, оваа фризура не само што му прилега секому, туку и погодна е за секој настан, а релативно лесна е за стилизирање. Се карактеризира со пократка должина што достигнува до рамениците, а врвовите завршуваат со тап рез. Изгледа многу опуштено, лежерно, но и софистицирано, а тоа го потврдуваат и ѕвездите.

Она што ја прави оваа фризура популарна е нејзината сестраност, која се огледува во фактот што му прилега на секој облик на лице.

Изгледа добро со патец на кое било место, одлично оди со кркми залижани на страна и должината е одлична, бидејќи можете да ја врзете во опавче кога вежбате или кога сакате да испробате поинаков изглед.

Во продолжение, инспирирајте се од изгледот на ѕвездите за вашиот следен избор на фризура. Запомнете ги и зборовите на Коко Шанел во однос на потстрижувањето на косата, доколку го планирате тоа:

„Жената што ќе ја потстриже својата коса, ќе си го промени животот.“

Ема Стоун

Џенифер Анистон

Сидни Свини

Кара Делевињ

Еве кои фризури најдобро им стојат на жените над 40 и 50 години: Подмладуваат за миг!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.