Дали правилно ја миете вашата коса? Проверете!

Еве на што треба да внимавате!

Вистинската причина зошто вашата коса изгледа толку добро после фризер е затоа што професионалците разбираат дека клучот за добра коса е доброто, квалитетно миење. Ви откриваме како треба да ја миете вашата коса.

ИЗБЕГНУВАЈТЕ МИЕЊЕ НА КОСАТА СЕКОЈ ДЕН, ИЛИ СЕКОЈ ВТОР ДЕН

Прекумерното миење на косата ќе ги одземе природните масла што ги произведува вашиот скалп. Со текот на времето, вашиот скалп ќе работи двојно повеќе за да произведе уште повеќе масло, што ќе резултира со мрсен скалп. За да се прекине маѓепсаниот круг, се препорачува да се нанесува сув шампон помеѓу деновите за миење на косата.

ИЗБЕРЕТЕ ШАМПОН КОЈ Е СОВРШЕН ЗА ВАШИОТ ТИП НА КОСА

Како и кај негата на кожата, сè зависи од типот на вашата коса и избор на формула која најдобро одговара на вашите потреби.

НЕЖНО МИЕЈТЕ ДВА ПАТИ СО ШАМПОН 

Додека ја миете косата бидете нежни. Не користете ги ноктите и не масирајте го скалпот премногу грубо. Нема потреба да се брза со овој процес: посветете една до три минути на масажата. Како дополнителен бонус, масажата ќе го зголеми протокот на крв во скалпот, што може да помогне да се стимулира растот на косата.

ОСТАВЕТЕ ГО РЕГЕНАТОРОТ ПЕТ ДО СЕДУМ МИНУТИ

Трпението е доблест – особено кога станува збор за регенерација. За разлика од шампонот, не се работи за брза масажа и плакнење. Регенераторот треба да почнете да го нанесувате од средината надолу до краевите. Регенераторот никогаш не се нанесува на коренот на косата! Додека производот е сè уште во косата, користете чешел со широки заби за да се расплеткате. Можете да го оставите регенераторот и да ја завиткате косата во пешкир пет до седум минути. Не се препорачува ништо подолго од тоа.

СУШЕТЕ ЈА КОСАТА СО КРПА

Конечно сте надвор од тушот, но вашата работа сè уште не е завршена. Како ја третирате вашата коса откако ќе ја измиете е исто толку важно за нејзиното целокупно здравје и изглед. Кога вашата коса е влажна, таа е најранлива бидејќи водородните врски што ја сочинуваат структурата на вашата коса се широко отворени. Агресивното четкање веднаш по туширањето буквално ќе ви ја скине косата, затоа не заборавајте да бидете внимателни. Нежно бришете ја или тапкајте ја косата со мека крпа и оставете ја да се исуши колку што е можно повеќе.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.