Како да ја заштитите косата од оштетување поради топлина? 6 совети за силна и здрава коса!

Често користиме фен и пегла за коса и забораваме дека тоа може да ни ја оштети косата...

Фенот, пеглата за коса, фигарото, и други алатки за стилизирање на косата можат да направат таа да изгледа сува, кршлива, оштетена и да нема сјај. Еве што треба да направите пред користењето на овие алатки за да ја заштитите вашата коса.

Нанесете производи за коса кои штитат од топлина

Нанесувањето на заштитни производи на вашата коса пред да ја изложите на топлина е најлесниот начин да се спречи оштетување од топлина. Тие ја хидрираат и создаваат заштитна бариера, на тој начин ја штитат косата.

Користете хидратантен шампон и регенератор

Дури и пред да ја обликувате косата, можете да спречите оштетување со правилно хидрирање за време на миењето. Ако често користите пегла или фен, многу е важно да ја хидрирате косата додека ја миете, без разлика кога ќе ја стилизирате. Важно е да користите шампони и регенератори кои одговараат на вашиот природен тип на коса.

Поретко мијте ја

Колку почесто ја миете косата, толку помалку време има вашиот скалп да ги надополни своите природни масла. Поретко миење на косата ќе ви помогне да ја одржите вашата коса поздрава со тоа што ќе дозволите вашите природни масла да создадат бариера и да ја одржуваат вашата коса хидрирана. Од друга страна, немојте да ја миете косата премногу ретко бидејќи ќе стане премногу мрсна и валкана. Колку често треба да ја миете косата зависи од нејзиниот тип.

Избегнувајте производи со груби хемикалии

Се разбира, тоа е многу полесно да се каже отколку да се направи, но избегнувањето на бланш или силна трајна боја за коса ќе помогне да се направи вашата коса помалку подложна на оштетувања од топлина. Ова е особено важно ако ги користите овие апарати на дневна основа.

Користете маски за коса

Маските за коса се многу важен додаток во редовната рутина за нега на коса. Во зависност од тоа колку е оштетена вашата коса, зависи и тоа која маска треба да ја користите. Се препорачува да користите маска барем еднаш неделно, избирајќи ја според типот на коса. Ќе обезбеди дополнителна заштита!

Изберете ги вашите алатки за уредување на косата внимателно

Не сите уреди се исти и еднакви по квалитет. На пример, керамичките пегли се многу попогодни бидејќи ја распределуваат топлината рамномерно по плочата. Затоа е многу важно да прашате за карактеристиките на уредот пред да го купите. Исто така, не заборавајте да ги одржувате температурите ниски и обидете се да не го поминувате истиот прамен премногу пати.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.