Еве кои фризури најдобро им стојат на жените над 40 и 50 години: Подмладуваат за миг!

Му ја враќаат свежината на лицето

Овие 7 фризури најдобро им стојат на дамите во средни години

Ако сакате да изгледате помладо, клучен детаљ може да биде вашата коса. Фризурата може да ви ги покрие брчките, да ги истакне вашите очи, па дури и да создаде илузија на затегнување на лицето. Овие седум фризури им ги препорачуваат фризерите на сите дами што сакаат да изгледаат помладо со помош на косата…

Боб-фризура

Пократката коса автоматски ви дава посамоуверен и помлад изглед, велат експертите. Модерниот боб ќе го истакне вашето лице и ќе го привлече вниманието на вашите најдобри црти.

Бранови

 

Додека правата коса без волумен може да предизвика уморен изглед, косата обликувана во благи бранови ќе ви даде поопуштен изглед. Брановидната коса е тренд што никогаш нема да им досади на жените, особено кога знаеме дека може и да нè подмлади.

Кркми

Супермоќта на кркмите е во тоа што тие се најлесното решение за оние кои сакаат да ги скријат брчките на челото. Секако, кркмите што сакате да ви ги избришат годините, мора да бидат паметно потстрижани. Затоа, задолжително побарајте совет од вашата фризерка. Една опција се кркмите што паѓаат рамно, а другата се кркми на страна. Во договор со фризерката, одберете ја најдобрата опција за себе.

Долга коса што го врамува лицето

 

Ако не сакате да се откажете од должината, тоа е сосема во ред. Вашата фризерка нека ја потстрижи вашата коса така што прамените убаво ќе ви го врамуваат лицето. Како ќе го изведе тоа, зависи од типот на вашата коса, а најдобриот одговор на тоа прашање ќе ви го даде личноста што се грижи за вашата коса.

Лоб-фризура

Косата што ги допира рамениците, по можност обликувана во благи бранови, секако, е еден од начините да постигнете подмладен изглед. Ако имате ретка коса, лоб-фризурата ќе ѝ даде волумен.

Фризура со слоеви

Фризурата со правилно поставени слоеви може да ѝ даде димензија и текстура на вашата коса, давајќи ѝ волумен и разиграност. Ова особено е корисно за поретката коса, која може да изгледа обновено и витално.

Структурирана пикси-фризура

Пикси-фризурата со додаток на структурирани слоеви може да изгледа освежувачко и младолико. Оваа кратка фризура ќе ви го отвори лицето, ќе ви ги истакне јаболчиците и ќе го направи вашиот изглед помлад и поенергичен.

Позната фризерка открива која фризура е идеална за жени во 50-тите: Ги брише годините и го враќа младешкиот сјај
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.