Позната фризерка открива која фризура е идеална за жени во 50-тите: Ги брише годините и го враќа младешкиот сјај

Дознајте!

Славна фризерка открива која фризура е најдобра за жени во 50-тите години

Познатата фризерка Никол Пети истакнала дека несоодветната фризура може да го уништи целосниот изглед, особено за жените што имаат повеќе од 50 години.

Многу е важно да ја усогласите фризурата според формата на лицето. Ако е тркалезно, одберете пикси фризура, додека четвртестите лица изгледаат подобро со долги кркми. Никол објаснила дека при одењето во салон, фризерот треба да ве упати која фризура најмногу му одговара на вашиот облик на лице.

За овални и срцевидни лица, Никол препорачува пикси-стил со подолги слоеви и кратки кркми. Четвртестите лица ќе изгледаат подобро со подолги, тенки кркми и светли слоеви за да го омекнат лицето.

Пикси-фризурите се храбар избор, но и совршена опција за жени постари од 50 години. Помагаат за исцртување на цртите на лицето и ѝ додаваат волумен на проретчената коса.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kurze Haare (@kurze.haare.frauen)

За пософистициран, но младешки изглед, оваа фризерка предлага дискретни прамени за да се додаде димензија и текстура.

Кркмите прават огромна разлика, а слоевитоста дефинитивно ќе ѝ даде на косата повеќе волумен и ќе создаде неуреден, но многу модерен изглед.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shabnam pasandiar (@itzshabi_)

Слоевитиот боб е уште еден одличен избор што ги брише годините од лицето. Фризерката препорачала асиметрични и неуредни боб-фризури за оние што сакаат младешки сјај.

Подолгиот боб е за жени што се мачат со средувањето на фризурата, бидејќи на крајот, секогаш можете да ја соберете косата во опавче.

9 фризури што ќе бидат апсолутен хит во 2023 година: Експертите ги издвоиле најубавите!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.